Благодарејќи на сондата "Касини", која обезбеди многу квалитетни фотографии со висока резолуција, космолозите тврдат дека конечно ја разрешиле енигмата стара 5 века; потеклото на најубавиот украс во Сончевиот систем, Сатурновите прстени. Имено, тие потекнуваат од некоја комета, која поминала во близина на планетата, па била растргната под дејство на Сатурновата гравитација. Од фрагментите на кометата се обликувале прстените.