Пет случаи на морбили во Македонија. Засега, толку. На прв поглед, бројката изгледа мала. Се чини како изолиран инцидент, далеку од аларм за паника. Особено во време кога јавноста е навикната на многу поголеми бројки, на секојдневни здравствени предупредувања и на вести што брзо се потиснуваат една со друга. Но, во епидемиологијата, значењето на една бројка не се определува само според нејзината големина. Понекогаш, многу поважно е што таа ни кажува за состојбата во популацијата. А петте случаи на морбили ни кажуваат нешто што одамна требаше сериозно да нè загрижи.