Рубрика: Фототехника
Изложба фотографии 'На Мајката земја'
Објавено на 01.12.2025 - 17:15

Во среда, трети декември, од 18 часот, авторот Сашо Алушевски ќе постави изложба од циклусот „на Мајката земја“ – шума, во мобилната-монтажна галерија, во Паркот на франкофонијата во Скопје.

Поставката „На мајката земја“ го истражува односот меѓу фотографијата и материјалната природа/реалност/нашите доживувања, третирајќи ја фотографската слика како симулакрум – визуелен знак што не ја претставува природата директно, туку нејзините кодови и траги. Потпирајќи се врз платоновата разлика меѓу идеја, имитација и сенка, изложбата укажува дека уметничката практика не може да го реплицира светот, туку само сопствените граници и јазик.

Крушевска корија - mordancange фото: Сашо Алушевски

Преку суптилна деконструкција на лисја, земја, камен и вода, сликите ја расплетуваат врската меѓу визуелното и физичкото. Материјата се претвора во знак, а фотографијата — иако фиксирана — упорно одбива да биде статична. Таа сведочи за својата ограниченост, нудејќи простор каде што претставата и реалноста се разидуваат.

Овој јаз меѓу сликата и природата ја носи и главната порака: ниту една визуелна репрезентација не може да го замени директниот, органски доживеј на природата. Мирисот на мов, текстурата на кора, здивот на шумата — без соработка со „идеалниот гледач“ - остануваат искуства што фотографијата само ги навестува, но не ги поседува.

Ровињ – mordancange фото: Сашо Алушевски

Поставката ја преиспитува нашата перцепција: Дали сликите се надвор од нас — или во нас? Каде завршува сопствената проекција, а каде почнува „реалното“?

Во реализацијата се користени природни материјали и повеќе аналогни фотографски техники: цијанотипија, Ван Дајк, гумотипија и гумомаслена техника, колодиум, мордансаж и лумен процеси.

Изложбата е реализирана со поддршка од Министерството за култура и туризам.

--- промотивна објава ---

Клучни зборови:
Крушевска корија - mordancange

Крушевска корија - mordancange фото: Сашо Алушевски

Ровињ – mordancange

Ровињ – mordancange фото: Сашо Алушевски