Кога човек ќе побара медицинска помош, најчесто размислува за лекарот што ќе го прегледа, за дијагнозата што ќе ја добие и за лекувањето што му претстои. Ретко размислува за одлуките што биле донесени многу порано: кој ја организирал здравствената служба, кој одлучувал за набавката на опремата, кој ги определил приоритетите и кој е одговорен за условите во кои работат здравствените работници. А сепак, токму тие невидливи одлуки во позадина, често ја кројат судбината на нашето лекување и го одредуваат квалитетот на грижата што ќе ја добиеме!