СОРАБОТКА СО ЕМИТЕР

Објавете свој проект или статија во ЕМИТЕР!

Имате ли длабоки стручни познавања од некоја научно-техничка област? Имате ли изработено некој уред кој одлично функционира? Имате ли солидни практични и стручни познавања од некој занает? Ако на овие прашање имате барем еден потврден одговор тогаш не чекајте – објавете го вашиот прв стручен напис во ЕМИТЕР. Потребни ви се само краткото упатство и Word-шаблонот на ЕМИТЕР, специјално подготвени за оваа цел, кои лесно ќе ве водат во креирањето на вашиот напис во согласност со стандардите на ЕМИТЕР. Едноставно, ефикасно и гарантирано успешно за почеток. А редакцијата на ЕМИТЕР секогаш ви стои на располагање за какви било прашања и помош во врска со техничкото уредување на вашиот напис и придружните цртежи и слики. Нема ништо подобро од мирисот на свежо испечатено списание, уште повеќе ако во него е вашиот напис. Не двоумете се – објавете напис во ЕМИТЕР! Ваше е само она што сте го споделиле со останатите! Ве очекуваме!

 

Повеќе

 


 
 

Претставете ги своите самоградби во рубриката 'Што прават емитерџиите'

Една од главните цели на списанието ЕМИТЕР е да го негува и да го поттикнува самоградителството на технички уреди, склопови и направи. Во таа насока, во рубриката "Што прават емитерџиите" ги презентираме практичните градби и иновации на нашите читатели. Со ова сакаме многубројните самоградители и нивните конструкции и иновации да излезат од подрумите, дворовите и гаражите, да се афирмираат пред пошироката јавност и да послужат како поттик за нови конструкторски дела, а зошто да не и за комерцијални производи. Затоа, сите вие љубители на техниката кои имате изработено какви било технички уреди кои се функционални и ги користите, слободно претставете ги своите самоградби во ЕМИТЕР. Тоа нема ништо да ве чини, а за возврат добивате многу.

 

Повеќе

 


 
 

Постојани соработници

Постојаните соработници го сочинуваат јадрото на ЕМИТЕР, кое се грижи секој број да биде исполнет со квалитетни, актуелни и атрактивни содржини. Тие се избираат од редовите на повремените (надворешните) соработници кои претходно објавиле повеќе квалитетни статии во Емитер и се докажале со својот одговорен пристап кон соработката. Тоа значи дека само најдобрите и најпосветените ќе ја имаат привилегијата да станат наши постојани соработници. Но привилегијата да се биде постојан стручен соработник носи и повеќе обврски, пред сè во насока на редовно (месечно) доставување на квалитетно подготвени написи.

 

Повеќе