Имате научен или стручен труд и сакате да го објавите? Имате пронајдок, иновација или сте смислиле некоја нова теорија? 
Рубриката Еурека овозможува вашите идеи да дојдат до вистинските луѓе, фирми и институции!
 

За повеќе информации кликнете тука.  

Научни и стручни трудови (Емитер 208 - 12/2025)

Нумеричка анализа на индуцирани струи во човечките органи

Електромагнетните полиња создадени од високонапонските далноводи често се предмет на јавен интерес поради потенцијалното влијание врз човечкото здравје. Од тие причини извршена е нумеричка анализа на интеракцијата помеѓу нискофреквенциското електромагнетно поле од трифазен 110 kV далновод и човечкото тело. Анализата е базирана на тродимензионална компјутерска симулација реализирана во софтверскиот пакет CST Studio Suite, при што е конструиран поедноставен модел на човечко тело составен од повеќе органи со реалистични електрични својства. Истражувањето се фокусира на внатрешните електрични полиња и густините на струи кои настануваат како последица на електричната и магнетната компонента на полето од далноводот. Резултатите покажуваат дека највисоките вредности на густината на струја се јавуваат во периферните делови на телото, особено во екстремитетите и пределот на вратот, додека вредностите во внатрешните органи се значително пониски. Електричната компонента на полето од далноводот има доминантен придонес во создавањето на струите во споредба со магнетната компонента. Добиените вредности се повеќекратно пониски од ендогените биоелектрични струи присутни во човечкото тело, како и од граничните нивоа утврдени со меѓународните препораки. Овие гранични вредности се засноваат на научно потврдени акутни биолошки ефекти од изложеноста на нискофреквенциски електромагнетни полиња, додека долгорочните здравствени ефекти од изложеноста на нискофреквенциски електромагнетни полиња се предмет на научни истражувања. При анализираните услови, во однос на краткорочната изложеност, добиените резултати не укажуваат на значајни здравс­твени ризици, но потребни се дополнителни истражувања кои би овозможиле поцелосна проценка преку анализа на различни положби на телото и конфигурации на далноводи.



Научни и стручни трудови (Емитер 206 - 7-8/2023)

Енергијата е важен ресурс за техничкиот и економскиот развој на современиот свет и е вклучена во сите аспекти на друштвениот живот. Затоа  рационалното раководење со енергијата е една од клучните предуслови за развојот на секое опшество. Задоволувањето на се поголемите енергетски потреби во иднина, со морален однос кон околината, располагање со природните ресурси со цел за економски развој, бара изградба на нови енергетски постројки со се построги барања за раководење со енергијата, рационализација на инвестициските вложувања и заштита на околината.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 7-12/2020)

Живееме во ера на компјутери, телевизори и постојано седење во училници, дома и на работа. Долгото статично седење на обичен стол не е природно за човекот. Всушност, тоа е најлошиот начин за поминување на времето и, трагедијата да биде поголема, токму тоа го правиме најмногу. Фитнес столовите не се справа за фитнес салите, туку направа за секојдневна употреба на друштвени места, работа, училиште, дома и во локали, што на некој начин ќе се користат наместо досегашните столови за седење. Тие овозможуваат со седење да си ја вршите работата, на биро и/или пред компјутер, а притоа да се здобивате со здравствени придобивки. Решен е проблемот како да бидеме функционални на работа или на училиште без страдање од прекумерното седење.



Научни и стручни трудови (Емитер 1-3/2019)

Пречистувањето на отпадните води е еден од најголемите еколошки проблеми на денешницата. Непречистените отпадни води директно ги загадуваат изворите, водните токови и природните и вештачките резервоари на вода зз пиење. Постојат различни решенија за пречистувањето на отпадните води, но сите тие имаат одредени недостатоци, како што се високата цена, долгото времетрање на филтрацијата, употребата на комплицирана опрема итн. Во овој труд ќе биде претставен нов начин на прочистувањето на отпадните води, кој е многу поедноставен , поефикасен и поевтин од досега познатите. Прикажаното решение практично е испитано и успешно функционира на повеќе локации.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 1-2/2015)

Овој напис дава опис на иновацијата којашто се однесува на биолошкиот филтер за нитрати. Дадени се теоретски објаснувања, постигнатите лабораториски резултати и решение за индустриска примена на филтерот.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 6-7/2014)

Интелектот, претставува еволутивно највисоко совршена функција и доминантен фактор во повредувањето на човекот и во неговото каузално лекување. Механизмите на повредување се особености на несозреаниот и неискусен интелект. Во таа фаза на развој, во доминантни размери, се наоѓа интелектот на современиот човек. Интелектот поседува способности да создава болни состојби (хронични масовни и малигни болести), но и да ги решава каузално, со физиолошки предодредени методи. Тие се еволутивно предодредени, но современиот човек не ги развил, не ги практикува и тие се привелегија на искусниот и созреан интелект.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 2/2014)

Целта на оваа иновација е да понуди начин и постапка со која ефикасно ќе се истретира суровата ПЕТ-амбалажа во предрециклажната обработка, во смисла на драстично намалување на нејзиниот волумен и отстранување на етикетите. При ова, вака компримираната ПЕТ-амбалажа станува многу атрактивна за понатамошна постапка.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 12/2013)

На годинешниов интернационален саем МАКИНОВА, еден од златните медали за поронајдок и нови технологии му припадна на Борко Бабаљ, иноватор од Босна и Херцеговина за единствениот и досега непостоечки производ на пазарот "Џебен пепелник – чибук". Кон крајот на септември 2013 година, оваа иновација го освои и златниот медал на саем во Украина, а беше претставена и во Ријад оваа година. За каков иновативен производ станува збор прочитајте на следниве страници.



Научни и стручни трудови (Емитер 11/2013)

Во овој текст за првпат откриваме дел од историјата на науката во Македонија во текот на Првата светска војна. Кој доаѓал во Македонија, какви истражувања спроведувал и која била нивната цел?



Научни и стручни трудови (Емитер 2/2013)

Во овој текст даден е краток историски преглед и вовед во аномалната динамика во комплексни системи. Претставени се теориските модели за опишување на процесите на аномална дифузија и неекспоненцијална релаксација, како и математичкиот апарат кој се користи во истите. Дадени се величините кои служат за определување на типот на ваквите процеси. Потенцирана е експерименталната потврда на овие процеси и системите коишто можат да се опишат со помош на теориските модели. Презентирани се најновите достигнувања во светската научна литература од оваа област на науката, но и придонесот и значењето на резултатите добиени во нашата земја. На крајот дадени се предизвиците за идните истражувања во оваа област.



Pages