Имате научен или стручен труд и сакате да го објавите? Имате пронајдок, иновација или сте смислиле некоја нова теорија? 
Рубриката Еурека овозможува вашите идеи да дојдат до вистинските луѓе, фирми и институции!
 

За повеќе информации кликнете тука.  

Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 7-8/2011)

Цел: Анализа на класичните ставови и тези методите на превенција и лекување на заболени од ХТА/е. Промоција на нови сознанија за етиопатогенезата и нови методи на ефикасна превенција и каузален третман на ХТА/е.
Методи: Користени се проспективни испитувања, анализи и процени. Извршена е евалуација на третирани болни од ХТА/е со класичен фармако третман во временски период од 20 години. Користени се материјали од одделението за јавно здравје во Кичево и ПЗУ "Сонце" од Кичево. Анализирани и статистички обработени дијагнози на вкупниот број прегледи на ХТА/е во период од една година во амбулантски услови.
Резултати: Синдромот на ХТА/е високо е застапен во популацијата, со преваленција од над 25% кај населението на возраст од над 20 години и учествува со над 35% во бројот на прегледите во амбулантите на примарната здравствена заштита. Се лекува доминантно со класичен фармако третман, по механизми на вазодилататорни, диуретички или седативни дејства. Постојат реални тенденции бројот на заболени од ХТА/е да се зголемува со задржувањето на догматските ставови за класичниот фармако третман и традиционалниот ментален вредносен систем.
Заклучок: Класичниот фармако третман доминира во лекувањето на ХТА/е. Општ е заклучокот дека само повремено ги подобрува симптомите на зголемениот крвен притисок и не влијае значајно на етиопатогенетскиот процес на ХТА/е. Воведувањето на каузални методи на превенција и третман претставува неопходна потреба за намалување на здравствените и економските загуби. Метод со потенцијал да ги коригира хиперстимулативните дејства на ирационалните психомоторни комплекси е секундарната интелектуална анализа и објективна и психомоторна релаксација, ХТА/е, хипертензија.



Интервју (Емитер 4/2011)

Дваесет и осумгодишниот научник м-р Никола Златанов е добитник на престижната награда "Најмлад научник" за 2010 година, награда востановена лично од Преседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Екипата на ЕМИТЕР беше на лице место, во резиденцијата на Претседателот, на самото доделување на оваа награда, а направивме и едно ексклузивно интервју со добитникот на признанието.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 2/2011)

Пронајдокот "Засилувач (за сабвуфер) за 50/60 Hz" е засилувач на електрични аудиосигнали наменет за нискотонски звучници (сабвуфери). Конструкцијата на излезниот степен на овој засилувач е слична како и кај секој класичен засилувач, но се разликува во напојувачката секција на засилувачот бидејќи не е потребен еднонасочен напон на напојување, туку синусоиден, односно директен мрежен напон 120 V / 60 Hz. На овој начин не е потребен мрежен трансформатор, ниту електролитски кондензатори, што драстично ги намалува цената и тежината на целиот засилувач.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 9/2010)

Во 2007 година, на манифестацијата МАКИНОВА, Зоран Мијаков од "Фригомонт" ја изложи својата иновација "Полуавтоматски уред за производство на коцкички мраз". Станува збор за преправка на обичен фрижидер за длабоко замрзнување во кој по преправката едноставно ќе можат да се стават и вадат повеќе калапи мраз, а процесот се комплетира со едноставен уред со грејачи за ослободување на коцкичките мраз. Ценејќи ја оригиналноста на идејата и практичната употребливост на иновацијата, редакцијата на ЕМИТЕР го награди Зоран Мијаков со објавување на неговата иновација во рубриката ЕУРЕКА.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 5/2010)

Во основата на функционирањето на кората на мозокот се механизмите на: проекции на интерреакциските односи, интелектуални анализи и процени, ординирање на психомоторни реакции, запамтување и потиснување во сферите на потсвеста. Доживеаните интереакциски односи се запамтуваат во форми на перцептивна и интелектуална сознајност. Интелектуална сознајност се формира во рационална и ирационална. Меморизираните и одложени форми на сознајноста се одразуваат на организмот позитивно и заштитно (рационална сознајност) или негативно и повредувачки (ирационална сознајност). Во актуелниот степен на развој, интелектуалната анализа се потиснува и одржува во форми на примарна ирационална анализа. Неокортексот во еволутивното совршенство поседува способност преку функцијата на интелектот за секундарна интелектуална анализа, односно можности за да ги промени значењата на еднаш формираните сознајни комплекси и да ги трансформира во рационални и да го ослободи организмот од неефективните психостимулативни реакции.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 11/2007)

Во on-line круговите каде се дискутира физика (usenet.sci.physics; physicsforums.com) денес е модерна унификацијата на физиката. Идејата за унитарна физика потекнува од А. Ајнштајн кој последните 30 години од животот ги посветил во потрага по Grand Unification of Physics. По самата суштина, "унитарна физика" подразбира физика составена само од еден општ закон со многу форми кои покриваат различни физички аспекти, наместо постоење на многу специјални закони, секој со свој домен на валидност. За мене таква унификацијата е можна само со пад на целата пост-Њутнова физика и тоа врз база на законот за лост според Архимед, бидејќи ALL EVEN NOTHING IS LEVER.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 10/2007)

Турбинскиот бродски пропулзатор е иновација со која се заменува класичниот бродски погон составен од дизелски мотор, преносник, погонско вратило и елиса со турбински пропулзатор. Како извор за погон за турбината во пропулзаторот би било доставувањето на големи количини на флуид, т.е. воздух од продуктите од гасна турбина стационирана на бродот или вода испумпувана кон турбинскиот пропулзор со специјални пумпи (со соодветните свои параметри: проток и притисок), при што крајниот резултат би бил погонување на пловилото. Исто така, значајно е што оваа иновација може да се примени кај речиси сите видови на пловни објекти.



Научни и стручни трудови (Емитер 10/2007)

Целта на оваа студија е да го утврди намалувањето на Доплер ехотомографските параметри (DPI - Doppler Perfusion Index), како и индексите добиени од лабораториските параметри (FLI - Fatty Liver Index), при стеатоза на црниот дроб која е третирана со терапија на Hepa Merz. Во текот на двомесечното испитување беа опфатени вкупно 40 пациенти со стеатоза на црниот дроб, континуирано третирани со Хепа Мерз. Контролната група беше составена исто така од 40 пациенти кои имаа стеатозни промени на црниот дроб, зголемени триглицериди и зголемена трансаминазна активност. Оваа група беше третирана со Табл. Cholipam à 20mg. Групата која беше третирана со монотерапија за првиот месец резултира со пад на индексот на перфузија од 0,31 (0,26 ± 0,12) на 0,27 ± 0,2. Кај пациентите со зголемен BMI имавме значително повисок DPI (p=0,003). Пациентите третирани со дополнителна терапија со Hepa merz за истиот временски период добија пад на DPI индексот на 0,23 ± 0,2. Консеквентно и вредностите на FLI резултираа со пад на вредноста. Според тоа, степенот на замастување на црниот дроб може успешно да биде квантифициран со вредностите на DPI и FLI, како релевантни маркери во континуираното следење на хемодинамските и биохуморалните параметри при стеатоза на црниот дроб, како и континуирано набљудување на нивната промена во текот на различни видови на терапија и уочување на разликите во терапијата.



Научни и стручни трудови (Емитер 11/2007)

Во денешниот свет на брзи промени потребни се вештини за усвојување на нови знаења и технологии, но исто така и нивна практична примена. Добрите комуникациски вештини ќе помогнат да се надминат конфликтите, ефективно да се претстават идеите и проектите. Деловната комуникација е важна за успешно работење на една компанија. Добрите презентациски вештини ќе овозможат подобро претставување и подобрување на имиџот на компанијата. Најчесто успешните луѓе се и успешни говорници, но обратното не мора секогаш да важи. Вештината на говорење, ефективната деловна комуникација и презентациските вештини се дел од секојдневното работење. Овие вештини како и сите други се учат, само е потребна соодветна обука и желба за учење и промена.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 7-8/2008)

Sponge Comprexpander е програм за симултана компресија и експанзија на податоци. Компрекспанзијата (компресија и експанзија во едно) може да се повторува на повеќе нивоа, односно еднаш компресираниот/експандираниот фајл може дополнително да се компрекспандира и притоа постапката може да се комбинира; да речеме после првата компресија со однос 8x8=>2x2 да се премине на компресија 8x8=>4x4, па нејзините резултати (компресираниот пакет) да се компресирара дополнително со 8x8=>2x2 сооднос. Мултилевел компресијата завршува кога оригиналите ќе се сведат на четири податоци. Borland Delphi имплементација на Sponge Comprexpander – от е дадена на http://dedanoe.googlepages.com/scxdr_2x2_4x4_8x8.zip, а Source Code -от е во Unit1.pas.



Pages