Имате научен или стручен труд и сакате да го објавите? Имате пронајдок, иновација или сте смислиле некоја нова теорија? 
Рубриката Еурека овозможува вашите идеи да дојдат до вистинските луѓе, фирми и институции!
 

За повеќе информации кликнете тука.  

Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 6/2008)

Едноставниот Архимедов закон за лост може да се прошири во нова, сеопфатна теорија на физиката, која ги обединува сите сили во физиката: гравитацијата, нуклеарната сила и електричната сила во една унитарна сила. Сегашната, Њутнова физика е само делумно точна, а во некои делови е потполно неточна - како, на пример, формулата за гравитациската сила или Кулоновиот закон за електричната сила. Едноставниот лост, односно неговите краци изразени како рамнотежни растојанија, заедно со масите (или електричните полнежи) поставени на двата краја на краците од лостот и силите кои се појавуваат при тоа, се единствените потребни и доволни компоненти за да се обединат сите закони во физиката во една унитарна теорија.



Научни и стручни трудови (Емитер 9/2008)

Во трудов се презентирани резултатите од истражувањата реализирани во рамките на проектот "Дешифрирање на средниот текст на каменот од Розета".
Констатирано е дека за средниот текст на каменот од Розета е користено слоговно писмо од типот согласка-самогласка. Идентификувани се симболи за 27 согласки. Користејќи ја постапката на пресликување и ротација во рамнината на пишување, определен е еднозначен начин за поврзување на симболот за согласка со 4 или со 8 самогласки. Иако ретко употребувани, идентификувани се и симболите за запишување на изолирани самогласки и согласки. Во анализираниот текст, покрај пишувањето на слоговните знаци еден до друг, често се пишувани и еден над друг, во форма на лигатури. Иако во мал број, идентификувани се и неколку пиктографски симболи.
Озвучувањето на идентификуваните слоговни знаци, осамени согласки или самогласки и лигатури, е реализирано со користење архаизми од дијалекти на современиот македонски јазик. Во анализираниот текст, кој е пишуван од десно кон лево, без растојание меѓу зборовите и без одвојување на речениците во непрекината низа, идентификувани се повеќе од 260 зборови кои го задржале значењето во некои дијалекти од современиот македонски јазик. Исто така, идентификувани се и одреден број граматички правила кои се препознатливи и во современиот македонски јазик, како што е формирањето суперлатив кај придавките со префиксот нај, множината кај именките со додавката и, појавата на определена и неопределена форма кај именките, машки и женски род кај именките, формирањето на активна и пасивна форма кај определени глаголи и зачестената употреба на предлогот на. Со вака иден-тификуваните слоговни знаци, нивното озвучување и определените правила на пишување, создадена е еднозначна методологија за препознавање одредени зборови и за читање на напишаното.
Резултатите од дешифрирањето на средниот текст на каменот од Розета укажуваат на многу повеќе детали кои ги нема во текстот запишан со унцијално (античко-грчко) писмо. Оваа констатација го потврдува сознанието на науката уште од времето на Томас Јанг (1822 година) дека средниот текст е оригиналот. Врз основа на нашите истражувања, ова сознание можеме да го допрецизираме со констатацијата дека декретот на фараонот во средниот текст на каменот од Розета во оригинал е напишан на јазикот на античките Македонци со писмо на живите господари, односно со официјалното писмо и јазик на државата којашто тие ја управувале повеќе од еден век.



Научни и стручни трудови (Емитер 5/2008)

Во овој труд е изложен автономен инферентен робот изработен со технологии моментално присутни на пазарот. Роботот е управуван од софтвер извршуван на персонален компјутер и на микроуправувач интегриран на него. За решавање на когнитивните проблеми се искористени два типа на решенија со невронски мрежи: feed-forward мрежа која го отсликува однесувањето на роботот и натпреварувачки мрежи кои служат за ненадгледувано учење на бои (класификација). Сознанијата и искуствата добиени од развојот на роботот можат да се искористат во имплементација на практични системи на управување кои побаруваат решенија со користење на вештачки невронски мрежи.



Научни и стручни трудови (Емитер 4/2008)

Целта на трудот е да се утврди дали постои отстапување во психомоторниот развој кај институционализираните деца во однос на нивните врсници кои живеат во своите биолошки семејства. Во ретроспективно-проспективна, case-control студија се опфатени вкупно 131 доенче, на возраст од 0 до 12 месеци кои во Домот за доенчиња во Битола престојувале во текот на 2005 година. Децата се поделени според возраста на три подгрупи. Првата подгрупа ја сочинуваат 53 доенчиња на возраст од три месеци, втората, 39 доенчиња на возраст од 6 месеци и третата 39 доенчиња на возраст од 12 месеци. Контролната група ја сочинуваат ист број доенчиња кои живеат во своите биолошки семејства. Во трудот се анализирани и 39 доенчиња кои во Домот престојувале континуирано 12 месеци, при што процената на развојот е направена на 3, 6, 9 и 12 месеци. Анализирани параметри се: менталната старост и коефициентот на развој. Овие параметри се пресметувани според оценките за психомоторниот развој на децата според скалата на Griffith's во пет области на развојот: локомоција, адаптација, слух/говор, моторика и постигнувања. Резултатите покажаа висока статистичка разлика во однос на вредностите за менталната старост во сите возрасни групи кои се пониски кај децата кои се институционално згрижени. Вредностите за менталната старост не одговараат со хронолошката старост. Резултатите во однос на коефициентот на развој покажаа повисоки вредности кај испитаниците од контролната група, поради што истите се статистички значајни (p



Научни и стручни трудови (Емитер 3/2008)

Во трудот е опишано добивање на одливки од алуминиумски легури со континуирано леење во правоаголен кристализатор. Со цел да се скрати досегашната постапка на добивање на правоаголен производ - флах, која се состоеше од леење на легурата во кристализатор со кружен напречен пресек и пресување во баран облик, дојдовме на идеја флахот да се добие со директно леење во кристализатор со правоаголен облик. За таа цел конструиравме нов тип на кристализатор и ги пресметавме оптималните технолошки параметри на процесот на континуирано леење. Од технолошките параметри особено беше важна брзината на леењето на легурата во кристализаторот, а од геометриските параметри - висината и дебелината на ѕидот на кристализаторот. На овој начин, со континуирано леење во кристализатор со правоаголен облик директно се добива флах, а се одбегнуваат неколку последователни операции сврзани со пресувањето. Се разбира, при тоа се остваруваат значителни економски заштеди, се зголемува продуктивноста и се скратува времето на производство.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 1/2008)

Дали некогаш сте посакале стерео HI-FI засилувач кој можете во секој момент да го претворите во стерео PA засилувач, да приклучите на него преку 24 звучнички кутии и да озвучите кој било простор? Решението е пред вас: нашиот МОСФЕТ засилувач има трајна излезна моќност од преку 1000 вати, може да работи и на оптоварување помало од 1 ом (12 паралелно поврзани звучници од 8 оми), има врвен квалитет, а неговите димензии се само 10х10х10цм !!!



Научни и стручни трудови (Емитер 1/2008)

Во Трудот се истражува врската помеѓу делузиите и извршувањето на кривично дело убиство кај лицата со параноидно растројство. Истражувањето е спроведено во Психијатриската болница и Центарот за ментално здравје врз две испитувани групи. Испитувана група од 50 извршители на убиство, кај кои по МКБ 10 е дијагностицирано параноидно растројство и контролна група од 50 лица со параноидни растројства, кои не извршиле кривично дело. Врз двете групи е аплициран структуриран прашалник, во вид на водено клиничко интервју од кој се добиваат податоци за присуството и типот на делузиите, хомицидните мисли, планови и обиди. Резултатите покажуваат најголема застапеност на делузиите на прогонство (68%) и делузии на однос кај извршителите на убиство. Хомицидните мисли, планови и обиди биле присутни пред извршувањето на убиството кај 36 од 50 извршители.



Pages