Дванаесетото, виртуелно, издание на Сајт на годината се одржа на 13 март 2022. Оваа година веб-страниците од македонскиот интернет простор беа номинирани во 22 категории, а за нив гласаа 9219 интернет посетители и корисници.
Новитет за оваа година се четири нови категории и тоа Најпопуларен Јутјубер/стример, Најпопуларен онлајн/хибриден настан, Најпопуларна е-атлета и Најдобра автоматизирана алатка/чет бот. Тие беа додадени за да се пополни дупката која се отвори со појавата на новитетите и актуелностите во интернет морето.
За потсетување ЕМИТЕР беше номиниран во 3 категории: „Најдобар сајт за вести и информации”, „Најдобар сајт за образование, наука и култура“ и „Најдобар сајт за ИТ и електроника“, а ја освоивме титулата Најдобар сајт за 2021 година во нашата “главна“ категоријата ИТ и електроника. Нашите читатели го препознаа квалитетот на информациите што ги објавуваме, како од областите на ИТ и електроника, така и од останатите сегменти на науката и техниката. Поддршката од читателите и оваа награда за сајт на годината 2021 ќе биде поттик и понатаму да продолжиме со нашата мисија – популаризација на науката и техниката.
Севкупен победник и добитник на титулата Сајт на годината за 2021 година е сајт од банкарскиот сектор, новиот редизајниран веб сајт на Комерцијална Банка kb.mk.