Рубрика: Еурека
Апарат за предрециклажна обработка на ПЕТ-амбалажа
Автор: Мирко Узелац
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Целта на оваа иновација е да понуди начин и постапка со која ефикасно ќе се истретира суровата ПЕТ-амбалажа во предрециклажната обработка, во смисла на драстично намалување на нејзиниот волумен и отстранување на етикетите. При ова, вака компримираната ПЕТ-амбалажа станува многу атрактивна за понатамошна постапка.

Големи се проблемите кои настануваат со несовесно третирање на ПЕТ-амбалажата. Загадувањето е на прво место, лошата глетка исто така е на врвот на проблемот, а за последиците кон природата и човекот, да не говориме. Единствен начин да се излезе од оваа непријатна состојба е правилно третитање на ПЕТ-амбалажата, што подразбира примарно селектирање и депонирање во посебни контејнери за неа, а веќе расфланите ПЕТ-амбалажи постојано да се собираат и депонираат на соодветните места за понатамошно третирање. Да видиме како тоа се изведува со помош на мојава иновација.

Клучни зборови:

Демонстрација на апаратот за предрециклажна обработка на ПЕТ-амбалажа на МАКИНОВА 2013

Демонстрација на апаратот за предрециклажна обработка на ПЕТ-амбалажа на МАКИНОВА 2013

Иноваторот Мирко Узелац со Претстедателот на Р. Македонија, г. Ѓорге Иванов

Заедно со колегите иноватори Петре Ристески (лево) и Иван Поповиќ (средина)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.