Сè има свој век на траење, на тоа не се имуни ни електронските компоненти. Чаре? Замена со друга, стара или нова, сеедно. Битно е да работи. Во случајот на звучните картички, кај компјутерите важат истите правила на игра. Ако "отиде" onboard аудиочипот кај матичните плочи за десктоп, спас се звучните картички PCI/PCI_E, кои од своја страна се менуваат со соодветни, доколку затреба. Но што да се прави кога лаптопот ќе занеми за век и веков?