Рубрика: Аудио и видеотехника
Роботизиран систем на тв-камери (1)
Автор: Милчо Узунов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Нова генерација камерни системи, роботизирани камери кои нудат нов и усовршен пристап во продукцијата на телевизиските содржини. Нивната примена во виртуелните 3Д-студија овозможува нивна трансформација во совршена продукциска машина.
Проследете ги сите продолженија и научете повеќе како роботиката навлезе во телевизиската продукција.

Појавата на виртуелните телевизиски студија и навлегувањето на 3Д филмската технологија во секојдневната ТВ-програма, наметна потреба од усовршување на класичниот модел на камери. Камерите кои се употребуваат за овој тип на продукции, бараат дополнителен систем за контрола и преземање управувачки инструкции од автоматизиран процес за реализација. Оваа потреба се јави уште при првата реализација на хрома техниката (Green screen) во далечните 40-ти години, кога е снимен филот "The Thief of Bagdad" каде што Лари Батлер добил и прва награда за специјални ефекти. Од тогаш, па сè до денеска, оваа техника постојано се усовршува и сè повеќе се употребува речиси во сите филмски изданија. Покрај филмската технологија, овој начин на продукција се разви и во телевизиската сфера, каде што доби и нова димензија наречена виртуелно 3Д-студио. Овој тип на студио денеска се користи во телевизиските куќи за реализација на проекти каде што сценографијата е многу сложена и бара големи финансиски ресурси за нејзина реализација. Основни технички делови, без кои не може да функционира ваков тип на студио, се автоматизираните камерни системи. Денеска нивниот развој се движи со забрзан чекор, и сè повеќе се применува роботизираниот систем на камери, со чија помош виртуелното 3Д-студио станува вистинска совршена продукциска машина.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.