Рубрика: Аудио и видеотехника
GoPro HD Hero - најпродавана камера во светот на возбудливи спортови
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


"GoPro HD HERO" е компактна мала камера која по своите особини може да се мери со многу поскапи и поголеми HD камери". "Неверојатна, чудесна камера. Со право го носи називот HERO (херој)". "Ова е најдобрата спортска камера која сум ја користел кога и да е". "Одлична алатка за професионалци и аматери во неколку верзии". Ова се само неколку изјави од познати видеопрофесионалци и мислам дека се доволни за да ве заинтригирам да го прочитате текстот до крај!

GoPro HD HERO е комплетна 1920x1080 HD видеокамера која се споредува со многу поскапи и потешки камери за снимање на спортски настани како што се скокање, сурфање, мотоциклизам, трки со брзи автомобили и други спортови. Го добила називот “HERO” затоа што поседува неограничени опции за монтажа, има одличен дизајн и пристапна цена! Оние кои имале можност да ја испробаат велат дека оваа мала симпатична камера е единствена алатка за меморирање на интересни спортски приказни благодарение на употребата на креативни агли, сликовните видеосензори од 1/2,5 инчи HD CMOS, како и другите многубројни опции кои ги поседува оваа чудесна камера. Оние кои снимале со оваа камера велат дека таа дава одлични можности за снимање затоа што може да се прикачи буквално секаде каде што посакува снимателот, на штицата за сурфање, на скија, на рачниот зглоб, на градите, на челото, на шлемот, над гумата на автомобилот или мотоциклот... благодарение на голем број каивчиња и други делчиња за прикачување кои ги испорачува производителот со камерата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.