Електроника

Осцилоскопот е корисен инструмент, но заради високата цена е недостапен за повеќето електроничари. Токму затоа го подготвивме овој проект за самоградба на едноставен и евтин осцилоскоп, кој испитуваниот сигнал го прикажува на матрица од 10x10 LED диоди. И покрај својата едноставност, тој ги содржи сите функционални блокови како и големите осцилоскопи и има солидни напонски и фреквенциски карактеристики за употреба во аудиотехниката. Сепак, заради многу скромната резолуција на дисплејот, може да послужи само за детектирање на присуство на сигнал, груба проценка на неговиот облик и приближно мерење на амплитудата, периодата и фреквенцијата на испитуваниот сигнал. Но, и овие можности честопати се сосема доволни за електроничарите-аматери, а ако на ова се додаде и едукативната функција ете доволно причини да тргнете во градба на ова осцилоскопче.


Електроника

Со додавање на сабвуфер (subwoofer) на вашиот систем за домашното кино или на вашиот стерео систем, гледањето на филмови или слушањето и уживањето во музиката сигурно ќе го направите многу повозбудливо! Сабвуферите, со репродукцијата на најниските фреквенции, ја зголемуваат веродостојноста на звукот со што придонесуваат гледачот на филмот или слушателот на музиката да биде повеќе инволвиран во филмот или во музиката која ја слуша. Токму затоа, ние во две продолженија ќе ви прикажеме проект на комплетен 500W засилувач за сабвуфер. Во овој прв дел тема ќе биде активниот low-pass филтер со контрола на засилувањето и граничната фреквенција, а во следниот дел – моќниот аудиозасилувач од 50 до 500W/4Ω!!


Информатика

Од овој број на ЕМИТЕР започнуваме серија написи чија цел е да ве упати во работата со оваа програма која е една од најпогодните за правење на првите чекори во светот на цртањето и графичкиот дизајн со помош на компјутер. Во овој прв дел од серијалот ќе зборуваме за работната површина и опкружувањето, распоредот на панелите и алатникот, а ќе ги направиме и првите цртежи.


Автомобилска техника

Мошне интересна сфера во делот на техничката дијагностика е виброакустичната дијагностика. Отсекогаш во изобилие се користела (поточно морала да се користи) како најмоќен извор на релевантни податоци за работата на моторот/машината, а во поново време е зафатена од фантастично брз напредок благодарение на развојот на компјутерите и електрониката при што се отвараат нови хоризонти во сферата на дијагностиката.


Аудио и видеотехника

Професионалните звучници се одликуваат со висока ефикасност и голема моќност (и висока цена, за жал). Звучникот TNT-10 PA има висока ефикасност од 94 dB/1W/1m, има солидни 150 W синусна моќност и според тоа е вистински професионален звучник, иако има ниска цена! Што е уште поважно - можете да го направите сами!


Омнибус

Невозможно е да се утврди количината на научни дезинформации на кои е изложена кино-публиката, но сосема безбедно може да кажеме дека малото количество на точни научни факти целосно е закопано под големиот куп научни филмски невистини. Во овој напис накратко ќе ги прочешламе неколку од најпознатите (и најкултни) научно-фантастични филмови кои ја пленија публиката со многу специјални ефекти, драматичната приказна и секако филмските ѕвезди кои се појавуваат во нив.


Астрономија и астронаутика

"Геокрстосувачките" астероиди се идеална "отскочна штица" за подоцнежен досег на човекот до подалечни дестинации во Сончевиот систем, на пр. до планетата Марс. Според една програма на НАСА човекот ќе зачекори на астероид во 2025 година.


Електроника

Надминете го стравот од губење на летачкиот модел или макета која принудно се приземјила. Приземјената авионска макета полесно ќе ја пронајдете во густите џбунови и гранки доколку е акустички маркирана. Електронскиот уред за акустичка локализација продуцира продорен акустички сигнал со два тона кои ќе се огласат кога леталото ќе ги изгуби сигналите за телекоманда.


Историја и археологија

Серија нови археолошки откритија ја рушат претставата за тоа како изгледало каменото време. Во источна Турција е пронајден мегалитски комплекс кој со својата старост и начин на обработка ги руши постојните претстави за човекот од каменото време. Во Црно Море, Балтичко Море и Индискиот Океан се пронајдени населби од камено време на длабочина од 30 до 70 метри. Дали ова археолошко откритие треба да ни послужи како опомена за тоа што не чека?


Медицина

Речиси не постои лекар кој не препорачал земање на суплементи кои содржат калциум со цел да се надминат проблемите со коските и остеопорозата. Неспорно е дека во сето ова има вистина, но вистината има и друга страна. Калциумот е добар за коските, но е и штетен за нешто друго. За што?! Одговорот е даден во текстов.


Информатика

Не е никаква реткост да се сретне AMD процесор во актуелните модели на лаптоп системите, но, сепак, кога е во прашање HP не сме навикнати на таков потег. Моделот на лаптоп системот кој е тема на овој напис е опремен со Phenom II X3 N830. Да видиме како се покажа!


Информатика

Од веќе заборавениот прелистувач Netscape Navigator, па сè до Google Chrome, Mozilla Firefox се покажа како најуспешен предизвикувач на Microsoft Internet Explorer (IE) и според бројот на симнувања од интернет и корисниците кои го користат вртоглаво му се приближува и се заканува да ја преземе шампионската титула од IE.


На граница на науката

Во неколку македонски печатени и електронски медиуми се пренесоа вести за крај на светот. По последните неколку години се слушнаа десетини пророштва за крај на светот од "пророци" со сомнителна репутација. Но, едно "пророштво" навидум доаѓа од вистински научник со добри аргументи. Но, дали е токму така?


Аеронаутика

Во текот на развојот на воздухопловството биле откриени, искористени и афирмирани три принципи за создавање и одржување на поткревачката сила која овозможувала летање. Тоа се: аеростатичката сила (балони, дирижабли), аеродинамичката сила или узгон (авиони, хеликоптери) и реактивната пропулзија (ракети, ракетоплани, вселенски бродови).


Архитектура и градежништво

Современата технологија во производството на елементите за застаклување во зградите, т.н. стакло-пакети, овозможува оптимално користење на сончевата енергија. Со комбинација на 2 или 3 стакла, со исполнување на меѓупросторот со некој благороден гас и со метализирани премази врз одредени површини на стаклата, се добиваат балансирани односи помеѓу максимално пропуштање на светлината во внатрешноста и максимално задржување на топлината во внатрешноста.


Електроника

Развојниот систем LV-32MXv6 е најновиот член во фамилијата на развојни алатки од производителот Микроелектроника наменет за развој на апликации со PIC32 микроконтролери. Производите на фирмата Микроелектроника веќе одамна се дефиниција за она што значи развој на embedded апликации, брзо и лесно програмирање и достапност во целиот свет. Системот е граден врз база на неговиот претходник LV-32MX, но со многу нови и подобрени модули.


Електроника

Кога е потребен насочувач без мрежен трансформатор и кога е потребна поголема моќност на насочувачот со стабилизација на излезното оптоварување се употребува електронски насочувач со тиристор. Најчесто се употребува при напојување на ТВ-приемници.


Аудио и видеотехника

Ако сте со намера да снимате настани во живо, спотови, документарни репортажи, состаноци, панел дискусии или семејни свечености, набавете го Zoom H1 Handy Recorder и уживајте во преносливоста и практичноста на овој мал професионален аудиоснимач.


Аудио и видеотехника

Според познавачите на овој тип опрема, камкордерот XF300 на Canon ги надминал сите очекувања со своите одлични можности и карактеристики. Работи на MXF, формат кој се користи за размена на материјали, има одлична оптика, снима стереотон, двоканално, има одличен вјуфандер... Да дознаете сè за овој камкордер, прочитајте го текстот во продолжение.


Електроника

Во овој напис ќе ги разгледаме логичките операции во бинарниот броен систем и логичките порти, како електрични склопови со кои тие се изведуваат. За операциите со бројките на бинарниот броен систем се применува Буловата алгебра, базирана на законите на логичкото размислување, позната како логичка алгебра. Таа се темели на тврдењата кои можат да бидат само вистинити или невистинити, тоа се категории на логички променливи означени со логичка 1 и логичка 0.


Аудио и видеотехника

"GoPro HD HERO" е компактна мала камера која по своите особини може да се мери со многу поскапи и поголеми HD камери". "Неверојатна, чудесна камера. Со право го носи називот HERO (херој)". "Ова е најдобрата спортска камера која сум ја користел кога и да е". "Одлична алатка за професионалци и аматери во неколку верзии". Ова се само неколку изјави од познати видеопрофесионалци и мислам дека се доволни за да ве заинтригирам да го прочитате текстот до крај!


Информатика

До пред неколку години програмите кои се користеа за креирање на едукативни аудио-видео запис и беа навистина малку по број. Но, како и за многу други области, денес на сите оние кои имаат потреба од ваков софтвер на располагање им стојат поприличен број на разновидни програми. Некои од нив се наменети за обични корисници кои имаат желба, или потреба, од снимање на каква било содржина од екранот на мониторот, додека пак некои други се наменети за професионалци.


Астрономија и астронаутика

На 15-ти јуни голем дел од жителите на планетата Земја имаа можност да го набљудуваат затемнувањето на нејзиниот единствен природен сателит – Месечината. Затемнувањата на Месечината се случуваат во периодот кога таа поминува во сенката која ја фрла Земјата.


Астрономија и астронаутика

Универзумот е богат со различни зрачења, честички и различни астрофизички појави. Веројатно веќе сте слушнале за космичкото микробраново заднинско зрачење за кое сме пишувале повеќе пати, но космичките заднини не завршуваат тука. Досега се уште не сме зборувале за досега неоткриената космичка заднина од неутрина, која што може да ни открие многу детали за првите секунди по Биг Бенгот.


Информатика

Доколку имате познавање на HTML и веќе знаете да ги вметнувате различните формати на содржина на вашата веб-страница, JavaScript е одличен избор на скриптен јазик со кој можете да ја унапредите комуникацијата со корисникот. Следете ги нашите написи и со секое продолжение откривајте понешто за JavaScript. Тука, освен теоретскиот дел, ќе најдете и готови, интересни и објаснети кодови со кои можете да ја започнете вашата успешна кариера како дизајнер на веб-страници.


Омнибус

Науката перманентно ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви "неверојатни" научни вистини. На ред се нови три неверојатни научни вистини: зима е кога Земјата е најблиску до Сонцето, брзината на сенката е способна да ја надмине брзината на светлината и човекот не потекнува од мајмун.


Физика

"Прекривките за навидливост" досега беа способни да "сокриваат" од поглед објекти само со микроскопски димензии, меѓутоа најновиот приод во конструкцијата на прекривките овозможи "сокривање" објекти со поголеми димензии. Ова го демонстрирале две истражувачки екипи, независно една од друга.


Биологија

Според еволуциската биологија, копнените четириножни 'рбетници еволуирале од риби. Но, како при тоа перките кај рибите се преобразиле во екстремитети кај копнените животни?


Електроника

Самоградба на лајт-шоу уред претставува предизвик за мнозина електроничари-аматери, но притоа нив ги обесхрабруваат вообичаеното напојување од 230V и поврзувањето на склопот со аудиозасилувач на моќност, па тие се откажуваат од реализација. Овие проблеми се одбегнати во склопот кој овде ви го предлагаме, што него го прави многу лесен за самоградба.


Електроника

Доколку сакате да конструирате едноставен и евтин стерео пик-индикатор, кој ќе ги регистрира и најкратките пикови тогаш решението ви го предлагаме во овој текст.


Еурека

Цел: Анализа на класичните ставови и тези методите на превенција и лекување на заболени од ХТА/е. Промоција на нови сознанија за етиопатогенезата и нови методи на ефикасна превенција и каузален третман на ХТА/е.


Медицина

Една од најчестите причини поради која луѓето со оштетен слух одбиваат да ги носат помагалата кои ќе им го олеснат животот е нивната гломазност поради која меѓу другото и веднаш паѓаат во очи на соговорникот. Поради ова американска компанија која се бави токму со производство на слушни помагала создаде нов вид на слушно апаратче со несекојдневно мали димензии.


Електротехника

Ако сакате мал електричен чекан за хоризонтално дупчење со константен број на удари и при отежнати услови на работа, компактен дизајн, ефикасност и брзина во работата при демолирањето, правиот избор ќе го направите ако одберете MAKITA HM0870C. Малата сопствена тежина од само 5,1 kg и вкупната триаксијална емисиона акцелерирачка моќност од 11 m/s2 со право и го доделуваат атрибутот на мала моќна машина за демолирање.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Омнибус

Експлодираше супернова во галаксијата M51;
CEDAR - екомобилен од линијата greenhart на Sony Ericsson;
LG-V300 десктоп компјутер "сè во едно";
WinGroup – Отворен ден;
Office 2010 достапен на македонски јазик - бесплатно!;
MKH 8060 на Sennheiser;
Конкурс за избор на ново лого на Скопско астрономско друштво;
Нова терапија за хепатит C;
Астрономи од Нотингем го открија најдалечниот квазар досега;
Лаптоп за сениори;


Писма
Податоци за звучникот WF310D14
Двојно лабораториско напојување за 0-60V/0-20A
Повеќе физика и колор страници!