Рубрика: На граница на науката
Уште едно лажно пророштво за крај на светот
Автор: Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во неколку македонски печатени и електронски медиуми се пренесоа вести за крај на светот. По последните неколку години се слушнаа десетини пророштва за крај на светот од "пророци" со сомнителна репутација. Но, едно "пророштво" навидум доаѓа од вистински научник со добри аргументи. Но, дали е токму така?
Во овој напис ќе ги разгледаме неговите тези поткрепени со документи од официјални истражувачки организации, но и неговиот личен кредибилитет како сериозно научно лице од ова област. На крај ви оставаме да решите самите колку вистина има во овие и сличните тврдења за крај на светот.

"Пророштвото" прв пат е објавено на руски јазик во 1997 година во еден научен труд на Алексеј Димитриев под наслов "Планетофизичка состојба на Земјата и животот". Алексеј Димитриев е наведен како професор по геологија и виш член на Сибирскиот оддел на Руската академија на науки. Англискиот превод на овој труд може да се прочита онлајн на интернет-страницата на организацијата која се нарекува Милениумска група. Адресата на текстот е: http://tmgnow.com/repository/global/planetophysical.html, додека домашната страница на Милениумската група е: http://tmgnow.com/TMG1/.
Според него, накратко, Сончевиот систем ќе навлезе во област од "високонаелектризиран материјал" и со "енергетска неуниформност во анизотропниот меѓуѕвезден простор" (што и да значи ова). Ова наводно ќе предизвика голем неред низ Сончевиот систем, но најголем неред ќе му се случи на Сонцето. Таму ќе се јават голем број соларни факели и исфрлања на маса од короната на Сонцето, што ќе доведе до невидени катастрофални последици низ целиот Сончев систем, вклучувајќи ја тука и Земјата. Тука спаѓа промена на магнетните полови на Земјата, геомагнетни и "обични" бури итн., итн. Само што во текстот, кој патем речено изгледа како да е нестручно преведен, нема објаснување како Алексеј Димитриев дошол до податоците. Тука на сцена стапува НАСА, која наводно ја открила областа од "високонаелектризиран материјал" и сè останато, но од неразбирливи причини воопшто не ја информира јавноста за претстојната катастрофа. Тоа се тврди на сајтот unexplainable.net или поточно на страницата: http://www.unexplainable.net/NASA/Russian-Scientist.shtml.
И за да не è се толку црно, според тврдењето на еден македонски сајт, тука се и пријателски настроените вонземјани. Тие соработуваат со НАСА за наоѓање на начини за спас од оваа несреќа и се трудат, ако не можат да го спасат целото човештво, тогаш да ја спасат барем одбраната елита.
Да видиме што за сето ова кажува науката, но и здравиот разум...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.