Рубрика: На граница на науката
Енигмата на топчестата молња
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9-10/2016.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Познато ни е дека молњите се електрично празнење помеѓу различно наелектризирани облаци или помеѓу некој облак и земјата, и дека вообичаената слика на молњата наликува на краткотраен блесок во облик на искршена линија. Меѓутоа, во некои случаи се појавуваат посебен тип молњи со чуден, топчест облик (топчеста молња), кои имаат подолго времетраење од неколку секунди, време во кое огнената топка “шета” во просторот натаму-наваму сè додека не исчезне. Физичарите сега имаат објаснување како таа настанува!

Дека молњите се електричко праз­нење помеѓу различно наелектризирани облаци или помеѓу некој облак и земјата, околу тоа нема дилема меѓу физича­рите, меѓутоа околу причината за тоа како настанува различното наелектри­зирање на облаците, физичарите с# уште не ги усогласиле наполно своите ста­вови. Сепак, најистакнатото објас­ну­вање е дека различното наелектри­зи­рање на различните атмосферски сло­еви е еден од резултатите од глобалното кружење на водата, коешто во основа вклучува два процеса: евапорација (ис­па­рување) и кондензација на водата.

Меѓутоа, во некои ретки случаи се појавува и друг тип електрично праз­нење (молња), т.н. “топчеста молња” таа се разликува од, да ги наречеме, “нор­малните молњи” – има подолго време­траење од неколку секунди и невооби­чаен облик налик на светлечка огнена топка, која може да “шета” натаму-наваму низ просторот, додека не исчезне! Физичарите немаа објас­ну­вање за тоа како настанува овој тип молњи.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.