Емитер 7-8/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Невозможно е да се утврди количината на научни дезинформации на кои е изложена кино-публиката, но сосема безбедно може да кажеме дека малото количество на точни научни факти целосно е закопано под големиот куп научни филмски невистини. Во овој напис накратко ќе ги прочешламе неколку од најпознатите (и најкултни) научно-фантастични филмови кои ја пленија публиката со многу специјални ефекти, драматичната приказна и секако филмските ѕвезди кои се појавуваат во нив.
Грд филм број 1: Јадро (The Core)
Од сосема необјасниви причини (затоа што искрено кажано ова е сосема невозможно) јадрото на Земјата престанува да се врти, предизвикувајќи пад на магнетното поле кое ја штити нашата планета. Во дел од овој сегмент филмот е речиси точен, бидејќи без заштитата што ни ја дава магнетосферата Земјата би била целосно изложена на налетите на субатомските честички од Сонцето. Но, од којзнае кои причини сценаристите избраа да тврдат дека магнетосферата н# штити од смртоносната сончева микробранова радијација. Во филмот дури има сцена каде сноп од микробраново зрачење удира во океанот, ја зоврива водата на местото на ударот и онака, патем, го уништува и симболот на Сан Франциско, мостот Голден Гејт. Последниот дел особено фасцинира, што ме води и кон следната мала забелешка. Отсекогаш се прашував зошто катастрофите во филмовите никогаш не се случуваат на некоја ништожна точка на планетава илјадници километри од најблиската жива душа. Нејсе...
Заплетот има два огромни проблема: 1. Сонцето е многу слаб емитер на микробраново зрачење, а за утката да биде поголема, магнетните полиња немаат никаков ефект на микробрановите! 2. Слабиот сјај на сончевите микробранови на патот надолу мошне бргу се апсорбира од страна на воздухот во атмосферата, па ако јадрото не успее некако да ја уништи и целата Земјина атмосфера (а во тој случај би имале мнооооогу поголеми проблеми од сончевото зрачење!) би требало да се чувствуваме сосема безбедни од лошото микробраново зрачење при евентуален престанок на ротација на јадрото на нашата планета, кое, патем, нема шанси да се случи!
....
***
Ако на моменти се посомневавте, имајте на ум дека јас сум огромен љубител на научната фантастика како во книжевна така и во филмска форма и не сите мои омилени дела се научно прецизни до бесвест. За во потполност да уживате во овој жанр потребно е да не гледате со толку критичен ум бидејќи може да пропуштите нешто навистина интересно, како книгите: “Автостоперски водич низ галаксијата”, серијалот за “Песочната планета”, серијалот за “Роботите”, “Песни на далечната Земја”, “Еон”, ..., филмовите “Планета на мајмуните”, старите “Ѕвездени патеки”, “Ѕвездената порта”, “Хрониките на Ридик”, “Денот кога Земјата сè уште постоеше” (старата и новата верзија), “Ден на независноста”, “Основање” (Inception),.... тв-сериите “UFO", “Ѕвездени патеки” (стари и понови), “А за Андромеда”, “Блејковата седумка”, “Battlestar Galactica" од 2003 г. (па и постарата) и уште многу други. Се надевам дека ова ќе ве инспирира уште еднаш или за првпат да ги одгледате барем некои од споменатите филмови и серијали или да прочитате барем некоја од споменатите книги. Летото е долго – уживајте во него.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.