Емитер 7-8/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Развојниот систем LV-32MXv6 е најновиот член во фамилијата на развојни алатки од производителот Микроелектроника наменет за развој на апликации со PIC32 микроконтролери. Производите на фирмата Микроелектроника веќе одамна се дефиниција за она што значи развој на embedded апликации, брзо и лесно програмирање и достапност во целиот свет. Системот е граден врз база на неговиот претходник LV-32MX, но со многу нови и подобрени модули. Откако ќе го погледнете, сигурно ќе сакате да поминете неколку часа со ова прекрасно парче електроника, но откако првпат ќе го вклучите прекинувачот за напојување … е тогаш почнува магијата и сигурен сум дека времето одвоено за многу битни работи од вашиот живот ќе го замените за работа со овој развоен систем :-). Во една реченица - се работи за феноменален производ за секој којшто сака да си "игра" во embedded светот.
LV-32MXv6 е најновиот развоен систем од Микроелектроника, наменет за развој на мултимедијални embedded апликации на PIC32 платформа. За разлика од останатите негови "браќа", овој претставник се разликува од целата фамилија развојни системи по неколку работи за кои вреди да се зборува, а сега ќе набројам само неколку: TFT 320x240 дисплеј на допир, стерео-аудиокодек, USB host, MMC/SD читач, USB UART… Ако на сево ова се нагласи дека PIC32 микроконтролерите се идеални за работа со мултимедија и ако се додаде дека производителот Микроелектроника има развиено прекрасни софтверски алатки за оваа платформа, веќе можете да насетите дека вреди да го прочитате овој напис до крај.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.