Емитер 6/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сметачките машини, или популарно наречени компјутери, се уреди кои автоматски извршуваат долги секвенции на пресметки. Во зависност од видот на податоците врз кои се прават пресметките, сметачите се делат на аналогни и дигитални. Влезните податоци на аналогните сметачи, гледани како напонски нивоа, содржат голем број вредности коишто се менуваат по аналогија на некои природни непрекинати појави (промена на температура, притисок, брзина и други). За разлика од нив, податоците за дигиталните сметачи можат да заземаат само две напонски нивоа, што исто така има своја аналогија во природата (позитивно/негативно, вистинито/невистинито, точно/неточно и слично).
Работењето на дигиталните сметачи се одвива врз база на бинарниот броен систем, а операциите во овој систем се изведуваат главно со помош на комбинирани логички кола.
Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.