Автомобилска техника

Отсекогаш Кочани имало со што да се гордее. Тоа се одличната местоположба, прекрасните оризови полиња кои го раѓаат најубавиот и најквалитетниот ориз во светот, неговите комуникативни и питоми жители, урбаната легенда рокерот Симеон Иванов – Канго итн. Но повнимателните во тој список на нешта со кои се гордее Кочани, сигурно ќе го впишат и СОУ "Гошо Викентиев" чиј ученици и професори во рамките на своите наставни активности, покрај другото, го направија и картингот, кој е предмет на оваа репортажа. 


Електроника

Најефектна и најсигурна индикација за активиран алармен систем, покрај светлосната и звучната, е телефонското известување. Сензорите за несакано присуство, во алармниот систем или независно од него, го активираат автоматскиот телефонски бирач на точно предодреден телефонски број. Звучната индикација на другата страна на телефонската линија или на GSM мобилниот телефон индицира дека алармот во контролираниот објект е во активна состојба.


Електроника

Ги монтиравме компонентите на сите четири ППК, визуелно ја прегледавме нивната исправна монтажа и првите електрични проби ги дадоа очекуваните резултати. За многумина би останало само пронаоѓањето на некоја "картонска кутија" за да се пикне сета оваа техника и да се пикнат сите овие желби, кутија која би служела да се сокрие човековата немоќ пред техниката таму некаде длабоко во плакарот. Мора ли да биде тоа така? Секако дека не мора. Овој напис ќе ви покаже како и во домашни услови може да се направи одлична кутија, достојна на Hi-End класата, со што ќе добиете уред кој со гордост ќе го покажувате на своите гости.


Информатика

Освен ако не сте сериозен "фрик" по врвни електронички џиџиња, најверојатно вашиот "добар стар" PC е најскапиот уред кој го имате во вашиот дом, а ако поседувате лаптоп, тогаш со сигурност можеме да тврдиме дека тоа е најскапото нешто што го носите наоколу во торбата. Ако (не дај Боже) се случи на некој начин и да останете без некој од овие два уреда, следна мисла најверојатно ќе ви биде: Налет парите, на него имав илјадници скапоцени и лични податоци и фајлови!


На граница на науката

Човек кој со чатал или висок во рака шета наоколу јасно асоцира на радиестезист. Подземни биопатогени зрачења, зрачење од подземни води, наоѓање вода, наоѓање руди и благородни метали, ... сето ова радиестезистите наводно го детектираат без мака. Навидум се е јасно, но објаснувањето за ова е малку посложено отколку што изгледа на прв поглед, како што ќе се уверите малку подолу.


Астрономија и астронаутика

Една француска истражувачка екипа астрофизичари барајќи објаснување за чудното присуство на радиоактивни елементи во составот на метеоритите објавила радикално нова хипотеза за начинот на раѓање на Сончевиот систем според која клучна улога во неговото раѓање одиграла експлозија, супернова, на некоја масивна ѕвезда.


Индустриски дизајн

Мобилниот телефон денес не претставува само уред кој нè поврзува со нашите блиски. Вниманието кое го посветуваат компаниите на дизајнот во сите сегменти е огромно. Меѓу другото тоа е еден од моментите кои го издигнаа ова парче технологија на ниво на моден додаток и статусен симбол. Само неколку основни видови на облици, а толку многу различни модели!


Архитектура и градежништво

Современата технологија во производството на елементите на застаклувањето во зградите т.н. стакло-пакети претставуваат комбинација на 2 или 3 стакла, со исполнување на меѓупросторот со некој благороден гас и со метализирани премази врз одредени површини на стаклата. Со тоа се овозможува оптимално користење на сончевата енергија. со можност за селективно пропуштање на светлината, а задржување на топлинското зрачење во летниот период.


Медицина

Низ вековите човекот бара лекови за телото, но и за умот и душата. Барал и бара лекови за болестите и за болката. Така било така и ќе биде, но при тоа, велат лекарите, потребно е посебно да се внимава кога се во прашање нови лекови за психичките болести, за болестите на мозокот и манипулацијата со сеќавањата.


Астрономија и астронаутика

Ова е четврт дел од серијата на текстови за ракетите-носачи кои се во употреба денеска. Во овој дел се претставени денешните европски и кинески ракети-носачи и нивниот развој, како и идните ракети-носачи кои се во развој.


Автомобилска техника

Нормално е кога ќе се забревтаат идеите и концептите од разни врвни производители на автомобили на тема хибриден погон дека добиваме еден широк спектар на конструкции на хибридни погони кои носат интересни епитети како микро, благи, делумни, потполни ... Тркалото на хибридниот погон неповратно е завртено, понудите во сериските модели се интересни и невообичаени и секако дека најинтересните ќе бидат презентирани овде.


Аеронаутика

Ховеркрафтот претставува динамичко летало кое лебди и се движи во воздух, но на мала висина, односно во непосредна близина на подлогата (земјата или водата). Контактот со подлогата се воспоставува индиректно со посредство на слабоподвижен воздушен слој под висок притисок - таканаречена "воздушна перница" со што се елиминира потребата од разни тркала, скии, чамци, гасеници и слично, но и драстично се намалуваат отпорите на движењето.


Информатика

Од своето постоење до денес Windows системите станаа неславно познати по нивната склоност да паѓаат во, за вас, најнезгодните моменти. Рака на срце, со текот на годините оваа непријатна ситуација сè поретко и поретко се случуваше како што се подновуваше и созреваше овој оперативен систем, па така кај Windows 7 системите ова веќе стана ретка појава. Но, можноста од непријатно изненадување секогаш постои.


Аудио и видеотехника

VR-5 на Roland Systems Group е потполно интегриран уред од аудиомиксер и видеосвичер, со вграден плеер/рикордер за продукција во живо, за снимање и можност за Web streaming. Web streaming е овозможен со конектирање преку компјутер на некој интернет-сервис како што се на пример Skype и iChat. Перформансите вклучуваат 4-канален видеосвичер, два моно и 5 стереоаудиоканали, вграден конвертор за PC влез, вградени два LCD монитора со контрола на допир, три видео нивоа и плеер/рикордер.


Информатика

VIA Tehnologies Inc. повторно се враќа на пазарот на процесори, овојпат во полето кое популарно е наречено најштедливи x86 процесори. Пред неколку месеци компанијата на пазарот го претстави својот двојадрен Nano процесор, но очигледно плановите на VIA се многу поамбициозни, па така минатиот месец тие го понудија и четиријадрениот (QuadCore Nano) процесор.


Информатика

Gigabyte на своите поклоници им приреди вистинско уживање. Најновиот модел на матична плоча е микс од сето најдобро што Интел го нуди во овој момент. Матична плоча која едноставно морате да ја имате!


Аудио и видеотехника

"Најновиот систем за видеоконференција на Sony PCS-XG55 испорачува висококвалитетно видео и аудио за корпоративни организации, едукативни и државни институциии и агенции, како и за кои било други организации кои бараат систем со вградена квалитетна комуникациска технологија, за не многу висока цена, која дозволува луѓето да се гледаат лице в лице и да комуницираат без трошоци за бизнис патувања и средби" – вели Aleta Moeller, маркетинг менаџер за Sony Electronics групата за видеоконференциски


Информатика

На 19.5.2011 година, во просториите на хотел "Камник" се одржа традиционалниот семинар Loging TELCO Road Show. Тема на овогодинешниот семинар беше "Безжични мрежи: Дизајн, имплементација и одржување". Преку пригодни презентации присутните имаа можност подетално да се запознаат со принципите и финесите врзани за дизајнирањето на безжичните мрежи во различни опкружувања и услови и нивната имплементација, како и нивното одржување и тестирање.


Омнибус

Науката перманентно ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви "неверојатни" научни вистини. На ред се нови четири неверојатни научни вистини: резервите од "слатка" вода 75% се во цврста состојба, еден едреник може да се движи трипати побргу од ветарот, има поголеми и помали бесконачности и нивото на површината на океаните секаде не е исто


Психологија

Посебната состојба, кога некој е свесен дека сонува и кога знае дека светот што го гледа е само творба на умот (а тој е одделен од тоа), се нарекува луциден сон. Луцидното сонување може да биде начин за истражување на можностите на умот, за соочување и решавање проблеми, стравови, исполнување желби, но и пат до нешто кон што тежнеат духовните пракси, а тоа е целосно будење или просветлување.


Електроника

Сметачките машини, или популарно наречени компјутери, се уреди кои автоматски извршуваат долги секвенции на пресметки. Во зависност од видот на податоците врз кои се прават пресметките, сметачите се делат на аналогни и дигитални. Влезните податоци на аналогните сметачи, гледани како напонски нивоа, содржат голем број вредности коишто се менуваат по аналогија на некои природни непрекинати појави (промена на температура, притисок, брзина и други).


Електроника

Честа е потребата од стабилизиран извор за нестандардни вредности на излезниот напон и струјно ограничување на излезната струја. Трипинските регулатори не можат да одговорат на потребите. Предложениот стабилизатор насочувач е погоден за точен и соодветен избор на саканиот излезен напон и струја во голем дијапазон. Изграден е со транзисторски полуспроводници и освен практична има и едукативна намена.


Информатика

Макс Метјуз, кој почина на 21 април во Сан Франциско, на возраст од 84 години, е пионер на дигиталнта музика. Тој не е првиот кој направил мелодија на компјутер, но негова била првата популарна музичка програма (наречена MUSIC и промовирана во 1957 г.)и тој е учесник во еден од навистина најкреативните компјутерски перформанси. Daisy Bell (Велосипед изграден за двајца) во 1961 г. станала првата песна што ја "пее" компјутер.


Електротехника

Ако сакате да се пробивате низ ѕидови како дух, ако сакате да го парчосувате и дробите цврстиот бетон како да е парче сирење, да го откорнете стариот дрвен под или едноставно комплетно да ја демолирате целата стара куќа како да ја издувал волкот од приказната за "Трите прасиња", а при тоа да не затрепери ниедно мускулче на вашите раце, правиот избор се машините за демолирање со интензивно ударно дупчење од асортиманот на Макита.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Омнибус

Астрономите уловиле астероид по судир;
Малиот хрватски електричен фраер;
Автомобили на "воздушно-бактериски" погон;
Прв приватен институт на балканот;
AMD ја претстави новата верзија на Catalyst Divers 11.5;
Меки "зелени" генератори;
Пет години од смртта на Паскал Сотировски;
Презентација на Optoma Digital Signage;
Panasonic доби три 2011 TIPA награди;
Награда од Касперски за нашиот диструбутер;


Писма
Додатен релеј за индикаторот на ниво на течност
Моќни излезни засилувачи со ламби
Проблеми со засилувачот со LM3876
Проблем за напојување на сараунд засилувач
Полнач за МП4 плеер во автомобил