Емитер 6/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Отсекогаш Кочани имало со што да се гордее. Тоа се одличната местоположба, прекрасните оризови полиња кои го раѓаат најубавиот и најквалитетниот ориз во светот, неговите комуникативни и питоми жители, урбаната легенда рокерот Симеон Иванов – Канго итн. Но повнимателните во тој список на нешта со кои се гордее Кочани, сигурно ќе го впишат и СОУ "Гошо Викентиев" чиј ученици и професори во рамките на своите наставни активности, покрај другото, го направија и картингот, кој е предмет на оваа репортажа. Сигурен сум дека нема да останете рамнодушни читајќи го текстот, сигурен сум дека ќе посакате да направите нешто слично и сигурен сум дека ако бидете упорни тоа и ќе ви успее. Па да ја проследиме успешната приказна за кочанскиот картинг.
Учениците потпомогнати од професорите Ивица Јорданов и Љупчо Стојилков од Средното општинско училиште "Гошо Викентиев" од Кочани во рамките на практичната настава по соодветните наставни предмети изработија картинг возило кое стана хит во Кочани и на семинарот на средните технички училишта од ЕУ одржан во Крит во 2008 година е прифатен за најоригинална идеја на ниво на ЕУ во рамките на делокругот на средните технички училишта. Им честитаме на успесите кои ги пожнеаја со овај картинг. Екипата на ЕМИТЕР ги посети во нивното училиште, така што ќе имате прилика од прва рака да се запознаете со оваа, засега единствена, приказна на нашиве простори.
Со оваа репортажа започнуваме нов серијал статии под наслов “Што прават емитерџиите“ во кои ќе се презентираат практичните градби и иновации на читателите на Емитер. На овој начин сакаме многубројните самоградители и нивните конструкции и иновации да излезат од домовите, подрумите, гаражите и дворовите, да се афирмираат пред пошироката јавност и да послужат како поттик за нови конструкторски дела, а што да не, и комерцијални производи. Ваше е само да нè повикате, а наше е да ве посетиме и да ја подготвиме репортажата. Контактирајте нè на emiter@unet.com.mk или на (02) 3115-111.
Како изгледа склопениот кочански картинг? Разгледајте ја галеријата со слики сместена подолу.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.