Рубрика: Автомобилска техника
Направи сам картинг (2. дел)
Автори: Томе Скендеровски, Гиго Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2005.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во вториот дел од серијалот написи за изработка на картингот комплетно ќе биде прикажана изработката на предното потпирање. За разлика од изработката на шасијата, каде што соодветните делови (цевчиња) сами ги подготвувавме, од сега па сé до крајот на оваа серија на написи за изработка на картингот, деловите кои ќе бидат прикажани во техничката документација е потребно да се изработат во некоја подобро опремена металостругарска работилница.

Во ова второ продолжение од написот за изработка на картингот ТоГи 1 ќе биде објаснета изработката и монтирањето на предното потпирање на картингот и системот за управување. Под предно потпирање на картингот ќе го подразбираме улежиштувањето на предното тркало (види цртеж D на страница 3 од техничката документација), потоа ракавецот на предното тркало (начинот на решавање на проблемот на завртување на предните тркала во една или друга страна, а со цел да се обезбеди управување на картингот) - види цртеж E на страница 4 од техничката документација. На крај ќе биде прикажана изработката на системот за управување (види цртеж F на страница 5 од техничката документација). Откога сето ова ќе биде направено, можеме да сметаме дека потпирањето на предните тркала, вклучително и системот за управување, е комплет готово. За овој зафат ни стои на располагање техничката документација која оди во прилог на овој број на ЕМИТЕР, која е на два табака со А3 формат потоа, три табели кои се именувани со истите букви од латинската азбука на оној склоп на кој му припаѓаат (на пример: табела D која му припаѓа на склопниот цртеж D), во која е прикажана т.н. шрафовска стока, т.е. сврзувачките елементи што треба да се купат во соодветните продавници (железариите) и продавниците за автоделови, и на крај, целиот овој зафат ќе биде илустриран со фотографии што ги имаат направено авторите на ТоГи 1 при изработката на прототипот. Секако, сево ова ќе биде детално објаснето и со соодветните коментари во текстот за оние зафати за кои според милење на авторите тоа ќе биде потребно. По овие воведни напомени можеме да преминеме кон изработка на потпирањето на предните тркала и сисстемот за управување. ...

Технички карактеристики:

Вид на возило: Картинг или “go–kart” Официјално име: ТоГи 1 (кованица од имињата на авторите) Намена: За забава и рекреација Димензии (д х ш х в): 1700 x 1250 x 600 mm Маса: cca 95 kg (без возачот) Максимална брзина: cca 35 km/h (на хоризонтална делница) Предни тркала: Ø180 x 100 mm (нанесена гума на челичен наплаток) Задни тркала: Ø240 x 150 mm (нанесена гума на челичен наплаток) Сопирачка: Хидраулична / диск (од АМИ 8 или Дијана 6) Мотор (зафатнина / силина): 50 cm3 / cca 3 kW (двотактен, ТОМОС – Копер) Преносник / спојка: Автоматски, двостепен / центрифугална Пренос на силина: Ланец Ланчанест преносен однос: i = 0,88 (мултипликација)

 
Главни елементи и материјали:

Дебелоѕидна шавна цевка со Ø 25mm Тркалачко лежиште од Југо - Ø30 x Ø60 x 37 Тркалачко лежиште Ø20 x Ø47 x 14 Тркалачко лежиште Ø15 x Ø35 x 11 Зглоб со лев навој Зглоб со десен навој Ланчаник од мопед Томос Автоматик Мотор 50cm3 од мопед Томос Автоматик Шепа за предна кочница од Ситроен АМИ 8 или Дијана 6 Пумпа за кочница од Ситроен АМИ 8

Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.