Емитер 3/2005.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Следува третото продолжение од серијалот НАПРАВИ САМ КАРТИНГ во кое ќе бидат обработени три теми и тоа: влежиштување на задното тркало, погонски вратила и сопирачка или кочница. Со други зборови во ова продолжение ќе се занимаваме исклучиво со задниот дел од картингот, т.е. комплетно ќе биде разработено задното потпирање и извршниот дел од системот за сопирање.
Под поимот задно потпирање (и воопшто потпирање на шасијата и/или каросеријата кај превозните средства) се подразбира дефинирање и изведба на врската помеѓу шасијата и задните тркала. Патем речено, истово важи и за предните тркала. Во нашиов случај, за разлика од кај автомобилите, изведбата на оваа врска е многу поедноставна со оглед на фактот дека се работи за крута (неподвижна) врска помеѓу шасијата и тркалата. Задното потпирање, во нашиов случај, го претставуваат склоповите влежиштување на задното тркало и погонски вратила. Системот за кочење (мислам на наједноставните, елементарни системи каков што е во нашиов случај) во принцип е составен од три потсклопови. Првиот е т.н. иницирачки дел во кој се создава притисок на маслото во хидрауличната инсталација (се работи за хидраулична сопирачка) и во него спаѓаат главниот сопирачки цилиндар (или едноставно пумпа за кочница) и педалот за сопирање. Оваа проблематика ќе биде разработена во следното четврто и последно продолжение од серијалов, а го именував како Педали. Со вториот дел од системот за кочење се пренесува оваа сила (притисок) до задниот дел од картингот и во него спаѓаат хидрауличните водови (цевки) со сите нивни придружни и сврзувачки елементи. Третиот потсклоп е т.н. извршен дел од сопирачката, или едноставно сопирачка (во потесна смисла на зборот) со кој притисокот се претвора во сила на сопирање и го забавува или го запира возилото. Во овој трет дел од серијалов ќе биде разработен само извршниот дел од системот за сопирање кој, едноставно, го именував како Сопирачка. ....
Вид на возило: Картинг или “go–kart” Официјално име: ТоГи 1 (кованица од имињата на авторите) Намена: За забава и рекреација Димензии (д х ш х в): 1700 x 1250 x 600 mm Маса: cca 95 kg (без возачот) Максимална брзина: cca 35 km/h (на хоризонтална делница) Предни тркала: Ø180 x 100 mm (нанесена гума на челичен наплаток) Задни тркала: Ø240 x 150 mm (нанесена гума на челичен наплаток) Сопирачка: Хидраулична / диск (од АМИ 8 или Дијана 6) Мотор (зафатнина / силина): 50 cm3 / cca 3 kW (двотактен, ТОМОС – Копер) Преносник / спојка: Автоматски, двостепен / центрифугална Пренос на силина: Ланец Ланчанест преносен однос: i = 0,88 (мултипликација)
Дебелоѕидна шавна цевка со Ø 25mm Тркалачко лежиште од Југо - Ø30 x Ø60 x 37 Тркалачко лежиште Ø20 x Ø47 x 14 Тркалачко лежиште Ø15 x Ø35 x 11 Зглоб со лев навој Зглоб со десен навој Ланчаник од мопед Томос Автоматик Мотор 50cm3 од мопед Томос Автоматик Шепа за предна кочница од Ситроен АМИ 8 или Дијана 6 Пумпа за кочница од Ситроен АМИ 8
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.