Претставете ги Вашите самоградби на конструкции објавени во ЕМИТЕР 


Правила: 
1. Можноста за објавување фотографија (и видео) од самоградби се однесува исклучиво на проекти и конструкции кои се објавени во ЕМИТЕР. Доколку имате изработено уред според свој проект или според проект од друг извор и сакате да го објавите во Емитер тогаш посетете ја страницата за Соработка.
2. Испраќањето и објавувањето на фотографиите и видеата е доброволно и со цел читателот да ги промовира своите знаења и конструкторски вештини, да се промовира проектот/написот од ЕМИТЕР според кој е направен тој уред/конструкција и да се даде поттик на другите читатели практично да се занимаваат со наука и техника. 
3. Со самото испраќање на фотографиите и видеата вие на ЕМИТЕР му ги отстапувате правата за нивно објавување на неговиот веб-сајт, фејсбук страница, YouTube канал и во неговите изданија. 
4. За објавените фотографии и видеа не следува хонорар, но секој читател ќе го наградиме со еден гратис примерок од претходните броеви на ЕМИТЕР по негов избор, за секој изработен проект од кој ќе ни достави фотографии. 
5. Секоја испратена фотографија треба да има резолуција од 800 х 600 точки или повеќе. 
6. Фотографиите и видеата ќе бидат објавени на веб-страницата на ЕМИТЕР (www.emiter.com.mk) на страницата на оној напис според кој е изработен уредот/конструкцијата. Покрај секоја фотографија ќе стои текстуална информација за читателот-самоградител на прикажаниот уред/конструкција. Начинот на презентација може да се види од следниве примери: 

100W транзисторски засилувач

Таурус 20 - SSB QRP трансивер

50W излезен засилувач со TDA1514A

Електронски регулатор за мини дупчалка

PIC програматор

Терморегулатор за лемилo

ESR-метар

250W V-MOSFET излезен засилувач

Направи сам картинг (1. дел)

7. На крајот од годината, читателот кој има најмногу објавени самоградби и читателот кој има најубави самоградби од нашите проекти ќе бидат наградени со годишна претплата на ЕМИТЕР. Одлуката за овие награди ја носи жирито составено од Редакцијата. 
8. При испраќање на фотографиите и видеата задолжително е за секоја од нив да наведете според кој проект од ЕМИТЕР е изработен вашиот уред (наслов на написот во ЕМИТЕР) и бројот во кој е објавен тој напис. Исто така задолжителни се и вашите контакт-податоци – име и презиме, градот во кој живеете, контакт-телефон и електронска адреса, како и некои ваши коментари за изработениот уред. 
9. Доколку сте согласни со овие услови тогаш фотографиите од вашата изведба на некој проект/конструкција објавен во ЕМИТЕР испратете ги на електронската адреса на Редакцијата: redakcija@emiter.com.mk

 

Клучни зборови: