Рубрика: Електроника
PIC програматор
Автор: Добре Блажевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денес сè повеќе електроничари им посветуваат внимание на PIC микроконтролерите. Еве можност со вложување на минимални средства да изградите едноставен програматор за нивно програмирање.

PIC-от не е ништо друго освен интегрирано коло што може да се програмира. Тоа значи дека во него се внесува некоја програма (софтвер), која врши одредена функција. Зависно од меморискиот капацитет на PIC-от, програмата може да содржи помалку или повеќе инструкции. Со напредокот на технологијата, речиси секои четири месеци на пазарот се појавуваат PIC микроконтролери со поголем капацитет и со повеќе функции.
Еден од најпознатите, а можеби и најупотребуваните PIC-ови во денешно време е 16F84. Тој е најраспространет, а и најлесно може да се набави. Програматорот што го гледате на сликата првенствено е наменет за програмирање токму на овој PIC. Редакцијата на ЕМИТЕР во блиска иднина ќе посвети повеќе внимание на PIC микроконтролерите, а како основа за изучување на истите ќе се користи токму микроконтролерот 16F84 и овој напис ќе биде посветен на наго. Овој програматор претставува претходница на спомнатите написи.

Технички карактеристики:

Напојување: 17-25Vdc
Поврзување со компјутер: паралелен порт
Софтвер за програмирање: FPP од David Tait

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК815

ИК: PIC16F84, CD7407
Конектор: DB25RA/M

Датотеки за преземање:
Клучни зборови:

Изработениот прототип од PIC програматорот


PIC програматорот изработен од страна на Петар Аврамовски од Битола

PIC програматорот изработен од нашиот читател Бојан Стојановски

PIC програматорот изработен од нашиот читател Бојан Стојановски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.