Емитер 3/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во претходните броеви беше претставен микроконтролерот MC68HC11F1. Од прикажаните карактеристики може да се заклучи дека тоа е микроконтролер со прилагодени на програмерот капацитети и огромни можности. Со својата меморија, заедно со напредните карактеристики на вградената во чипот периферија ги задоволува потребите и на најсложените барања. Поради тоа во текстов е прикажан развоен систем во непроширен (single chip mode) режим на работа. Веќе рековме дека овој режим е најбрз, најстабилен и најекономичен.
На основа на овој развоен систем е конструиран и микроконтролерскиот модул за управување со лифтови, кој беше претставен на манифестацијата МАКИНОВА97. Самиот модул програмски првенствено е наменет за управување со лифтови и слични постројки, но претставува и самостоен програмабилен логички контролер. Со модулот може да се програмираат и управуваат најразлични алгоритми и процеси.
Само за илустрација на моќта на микроконтролерот во непроширен режим на работа ќе ги кажеме основните карактеристики на модулот за микроконтролерско управување со лифтови. Има 32 влеза, 40 излеза, систем за сигнализација на грешките, селективно поврзување со други модули во мрежа, софтверска и хардверска филтрација на влезовите. Листингот на условите кои треба да ги задоволи, а кој на неупатените во лифтовската проблематика им изгледа мал и едноставен, е отпечатен на 16 страници.
Интегрални кола: TL770, MAX233, LM7805
Микроконтролер: MC68HC11F1
кристал 8MHz
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.