Емитер 9/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Тик - так, тик - так...10, 9, 8, 7...0. Буум. Не, не е "пеколна машина", туку едноставен тајмер со одбројување наназад или countdown timer. Тајмер со максимално време на нагодување од 99 минути и 59 секунди, едноставен за изградба и ракување. Дигиталниот тајмер за одбројување е замислен како додаток на проектот во претходниот број на ЕМИТЕР "Осветлувач за ППК со лед диоди", но може да се користи за вклучување и исклучување на кое било електрично коло во зададен временски интервал. Заради едноставност во изградбата и функционалноста во управувањето и работата на тајмерот тој е изведен со популарниот микроконтролер PIC16F84.
Дигиталниот тајмер за одбројување е замислен како додаток на проектот во претходниот број на ЕМИТЕР "Осветлувач за ППК со лед диоди". Во почетокот на неговата концепција се појавија неколку дилеми: дали да биде со троцифрена или четирицифрена индикација, дали да биде самостоен уред или уред инкорпориран во самиот осветлувач, дали излезната единица за вклучување и исклучување да биде изведена со транзистор или со релеј и дали да биде изграден со конвенционална CMOS/TTL дигитална електроника или со микроконтролер?
Главата ми се "замати" сурфајќи на веб "брановите" барајќи решение на поставениот проблем, но кога бараш а знаеш што сакаш е лесно. На крај се одлучив тајмерот да биде со универзална намена, кој иако вграден во осветлувачот да може да се користи за управување и со други потрошувачи. Од оваа одлука произлезе и решението за неколкуте претходни дилеми поради што се одлучив за следното: четирицифрена индикација за да може да бидат опфатени подолготрајни временски интервали од 9 минути и 59 секунди и излезна единица со релеј за да може тајмерот да се употребува за управување и на екстерни електрични кругови.
Заради едноставност во изградбата и функционалноста во управувањето и работата на тајмерот, но најмногу заради љубовта кон микроконтролерите која ЕМИТЕР ми ја "всади" уште со првиот напис за изградба на програматор за микроконтролери, се одлучив за решение со микроконтролер. Поради поголемата популарност на PIC16F84 над другите микроконтролери и поради тоа што повеќето од читателите имаат програматор за ова коло, одлучив да го употребам токму него, иако имаше верзии и со други микроконтролери.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.