Електроника
Изработениот прототип од 500W засилувач

Една од основните компоненти на квалитетен разгласен или домашен Hi-Fi систем е моќен излезен засилувач. Во овој број ви го претставуваме “DINAKORD-EMINENCE” кој со својата релативно ниска цена, во споредба со комерцијалните уреди од истата класа, ќе ги задоволи барањата на сите оние кои освен квалитетниот звук го ценат и чувството во стомакот од силниот бас.


Аудио и видеотехника

Во овој број ги претставуваме резултатите кои ги добивме при инструменталните мерења како и впечатоците од слепиот слушен тест на Infinity Kappa 80, Tannoy Stirling TW, Jolida SJ 502 A и Marantz 80 Mk II KI. За слепиот слушен тест жирито беше во полн состав: двата експерта за класична музика, аудиофилот и тон-мајсторот.

 


Електроника
Изработениот прототип од развојниот систем GTALKF

Во претходните броеви беше претставен микроконтролерот MC68HC11F1. Од прикажаните карактеристики може да се заклучи дека тоа е микроконтролер со прилагодени на програмерот капацитети и огромни можности. Со својата меморија, заедно со напредните карактеристики на вградената во чипот периферија ги задоволува потребите и на најсложените барања. Поради тоа во текстов е прикажан развоен систем во непроширен (single chip mode) режим на работа. Веќе рековме дека овој режим е најбрз, најстабилен и најекономичен.


Аудио и видеотехника

До распадот на источниот блок Русите не можеа да се пофалат со некоја висока репутација во областа на високата професионална технологија. Тука не се земени во предвид нивните високи достигнувања во вселенската технологија и во најмодерното вооружување. Русите произведуваа миксети, компресори, засилувачи и микрофони во фабриката ОКТАВА, која е прва руска аудио компанија што се проби на западниот пазар. Тие располагаат со јасен поглед кон иднината и во состојба се да го одржуваат чекорот со современите барања потпомогнати од нивното истражувачко и развојно одделение.


Електроника

Иако живееме во векот на електрониката за многумина таа претставува мистерија. Оваа серија написи е наменета за оние кои сакаат да влезат во светот на практичната електроника. Во овој број завршуваме со објаснувањето на основните поими и закони во електрониката.


Електроника

Во ова продолжение од серијалот ќе видиме како се врши автоматско поставување компонентите, автоматско рутирање на врските, како се креираат компоненти за цртање на електрични шеми и како се врши креирање footprint за PCB дизајн. На крај ви даваме неколку корисни практични совети за дебелини на линиите на водови, големината на лемните точки итн.


Телекомуникации

По повеќе од 25.000 часови интензивна истражувачка работа од страна на врвните дизајнери, Yaesu на пазарот го исфрли новиот модел на примопредавател FT-1000. Наместо веќе вообичаените мали подобрувања на постоечките дизајни, овој проект претставува сосема нов приод во примената на најновите дигитални и RF технологии.


Електроника

Повеќето инструменти за мерње на отпор со аналогно отчитување имаат нелинеарна т.е. логаритамска скала, што значи дека одредена промена на аголот на девијација не е пропратена со линеарна промена во вредноста на отпорот. Таа резултира со "згуснување" на отчитаните вредности кон помалите отклони, со што се отежнува отчитувањето.


Електроника

Опишаната градба на еден широкопојасен UHF приемен систем се одликува со релативно мал број на составни елементи, и посебно е корисен за вградување на тераси, покриви или за квазимобилна примена. Под "квазимобилна" примена се подразбираат: викендички, камп приколки и шатори, каде се пожелни особините на ваквиот систем: лесно ракување, зафаќање на мал простор и добри електрични карактеристики.


Аудио и видеотехника

Во оваа рубрика ќе мерам, сецирам, анализирам и модифицирам разни видови на звучници. Најчесто тоа се постари модели на звучници, но сеуште актуелни. Меѓу нив сигурно ќе го најдете (порано или подоцна) и вашиот звучник. Во анализите и оценките ќе бидам строг (а и безмилосен, ако треба), на што читателите досега веројатно веќе навикнале. Оценките нема да бидат базирани врз слушни тестови, туку само врз анализа на техничките решенија и врз резултатите од мерењата.


Електроника

За сите електронски конструкции потребен е извор на напојување. Многу често тоа се хемиски извори како на пример лекланшеови ќелии, или реден спој на повеќе такви ќелии во една целина наречена – батерија. Таквите извори се погодни за електронски конструкции односно уреди од преносен тип. Ако уредот трајно се користи во куќни услови препорачливо е да се користи трансформатор на напон со насочувач и стабилизатор на напон.


Аудио и видеотехника

Уште од самите почетоци Crane Song LTD. се определени за аудиофилскиот приод кон професионалната опрема сè уште оспорувајќи го мислењето дека професионалните уреди по дефиниција се надмоќни.
STC-8 е двоканален компресор-лимитер во кој се избегнати било какви интегрирани VCA кола во корист на дискретни кола од класа A со што само се докажува дека негативностите во смисла на цената на чинење и прегревањето се апроксимативни во однос на акустичките придобивки.


Омнибус

Најбарани DXCC - земји во 1997 година;
DX-информации;
Правила за натпреварот CQ WPX;
Резултати од Uba contest 1997;
Состојбите со радиоаматерската опрема во Македонија;
Календар на меѓународни КБ-натпревари


Омнибус

HI-FI информации;
Иднината на филмскиот звук;
Lexicon PCM 90;
Телеком вести;
Marantz CDR 620;
Едночипни 56Kbps модеми;
Дигитална телевизија: блиску, а сепак далеку


Писма
РТВ механичарство
Предлози
PC контрола и 30W засилувач (ЕМИТЕР 10/96)