Емитер 3/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
До распадот на источниот блок Русите не можеа да се пофалат со некоја висока репутација во областа на високата професионална технологија. Тука не се земени во предвид нивните високи достигнувања во вселенската технологија и во најмодерното вооружување. Русите произведуваа миксети, компресори, засилувачи и микрофони во фабриката ОКТАВА, која е прва руска аудио компанија што се проби на западниот пазар. Тие располагаат со јасен поглед кон иднината и во состојба се да го одржуваат чекорот со современите барања потпомогнати од нивното истражувачко и развојно одделение.
Далеку од погледите на сличните западни компании и на потенцијалните потрошувачи, големиот комплекс на ОКТАВА е сместен во градот Тула на околу 100 км јужно од Москва. Во Тула уште пред 350 години Петар Велики формирал индустрија за оружје, а во поново време традицијата е продолжена со познатите Калашникови. Тоа беше причина што тој град долго време беше затворен како стратегиски многу важен центар, во кој влегувањето и излегувањето беше строго контролирано.
До подигањето на железната завеса нивните производи не беа познати во светот, освен во Куба. Традицијата на ОКТАВА е долга, од првиот радиоапарат направен за Сталин, преку громобрани, радија, звучници, и хорни за озвучување на стадиони, телефонски прибор и друго, а од 1947 година започнува производството на микрофони. Компанијата вработува околу 3000 луѓе, од кои 300 работат на микрофоните. Тие произведуваат од евтини динамички микрофони до микрофони наменети за студиски потреби.
Микрофон Октава МК219
ОКТАВА е сѐ уште активна во технологијата на претворачите, електроника за телефони, слушни апарати, слушалки и микрофони. Со своето производство таа е навлезена во воената и вселенската програма и е најголемиот производител на микрофони во Русија. Во советскиот период произведуваше 5 милиони парчиња годишно од сите видови, што покажува дека навистина се работи за искусен производител со богата традиција. Производството е речиси сосем рачно при што најмногу се користи женската работна сила. Во поглед на квалитетот ОКТАВА не остава никакво сомнение, бидејќи секој микрофон се тестираво глува просторија и во различни животни ситуации. Доколку кај некој микрофон се забележи отстапување од зацртаните параметри, производството се прекинува сѐ додека не се открие причината.
Во советско време повеќе се обрнуваше вниманиедали и како работи микрофонот отколку на неговиот надворешен изглед. Извесен скок во надворешната обработка е постигнат со мали напори – едноставно само со чистење на калапите. Извозот на запад е проследен со соодветно подобрување на надворешната обработка. Во фабриката веруваат дека со следењето на трендовите на запад остануваат во тек, дека не заостануваат многу, а во некои области се и малку понапред. Свесни се дека квалитетот на нивните микрофони не е полош од западните микрофони, а при тоа се многу евтини. Тие располагаат со јасен поглед кон иднината и во состојба се да го одржуваат чекорот со современите барања потпомогнати од нивното истражувачко и развојно одделение. Тие се уверени дека ОКТАВА ќе си го заземе местото во редицата важни производители на микрофони, рамо до рамо со оние на запад.
Тука ви претставуваме четири модели na микрофони од нивното производство: МК219, МК012, МК011 и МК319.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.