Рубрика: Електроника
Почетен курс по практична електроника (3)
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Иако живееме во векот на електрониката за многумина таа претставува мистерија. Колку повеќе сме опкружени со разни електронски "чуда" толку поголема е желбата, но и стравот да се "ѕирне" во нивната внатрешност. Оваа серија написи е наменета за оние кои сакаат да влезат во светот на практичната електроника. Пратејќи го овој наш курс брзо ќе сфатите дека не е неопходна инженерска диплома за да можете самостојно да изработите некој корисен електронски склоп или да поправите некој електронски уред. Според нашиот план оваа серија треба да има 11 продолженија во кои на пристапен начин ќе бидат објаснети најнеопходните работи што, за почеток, треба да ги знае секој електроничар. Напоредно или во склоп на оваа серија ќе бидат објавени и неколку проекти за самоградба на едноставни, но корисни електронски склопови. Се надевам дека со оваа серија написи ќе успееме да пополниме барем дел од огромната празнина што постои во Македонија на полето на практичната едукација во електрониката и дека многу идни електроничари своите први чекори во светот на електрониката ќе ги направат со помош на ЕМИТЕР и овој курс. Во овој број завршуваме со објаснувањето на основните поими и закони во електрониката.

Најнапред ќе збориме за моќноста во колата со наизменична струја, потоа за решавање на електричните кола односно одредување на непознатите величини во нив (напони, струи и елементи во колото) и теоретско одредување на разни работни карактеристики на колото. По ова преминуваме на изучување на мерните единици во електрониката и завршуваме со инструкции за користење на универзалниот мерен инструмент 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.