Емитер 3/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој број ги претставуваме резултатите кои ги добивме при инструменталните мерења како и впечатоците од слепиот слушен тест на Infinity Kappa 80, Tannoy Stirling TW, Jolida SJ 502 A и Marantz 80 Mk II KI. За слепиот слушен тест жирито беше во полн состав: двата експерта за класична музика, аудиофилот и тон-мајсторот.
Звучници од типот Infinity Kappa 80 (лево) и Tannoy Stirling TW (десно), какви што тестираше и стручното жири
Пред да влезат во собата, на членовите на жирито им беше ставена црна непроѕирна маска преку очите, за да се запази научниот метод и да се обезбеди објективност во оценувањето. На слушателите не им беа соопштени цените на звучниците и засилувачите, како ни произведителите и моделите, сè до крајот на тестот. Членовите на жирито потрошија многу часови слушање (и 8 литри Кока-Кола) во настојувањето да ги откријат и најмалите нијанси во звукот. Како што ќе се уверите, тие (вообичаено) беа максимално критични.
На тест беа и засилувачите Jolida SJ 502 A (со ламби) и Marantz 80 Mk II KI
Во тестот "Infinity, Tannoy, Jolida, Marantz" на страница 20 стои: "Дисперзијата на високотонецот е пристојна до 10kHz,...", а треба: "... до 6kHz,...".
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.