Рубрика: Аудио и видеотехника
Засилувач Roksan Blak
Автор: Владимир Филевски
Објавено на 27.09.2017 - 23:30

Покрај океанот аудиоуреди од истакнати големи компании конструирани во Европа и во САД, но масовно изработувани во Кина, како стабилни светилници на цврстиот брег стојат малубројни тврдоглави фирми што сѐ уште го држат целиот производен процес на дофат на својата рака.

 

Една таква фирма е и англиската Roksan, чиишто уреди не само што се осмислени и конструирани во Лондон, туку и таму се изработуваат! За оваа пригода, ви го претставуваме нивниот најнов модел на стерео засилувач, наречен Blak. Не, не е Black, иако има црна боја, туку е Blak! Крупниот алфанумерички дисплеј во килибарна боја му дава мекост и една топла нота на минималистичкиот црн дизајн, кој има само едно сребрено копче за потенциометарот за нагодување на јачината на звукот, и три мали сребрени тастери за навигација низ менијата на дисплејот. Од задната страна, покрај стандардните RCA влезни конектори за грамофон и за останатите уреди, има и професионални балансирани XLR конектори! Покрај нив, има и USB-конектор за поврзување со компјутер, модерниот универзален извор на звук. Внатрешниот D/A конвертор е изведен со моќниот Burr-Brown DSD1794A DAC, што ги обработува сите PCM сигнали до 24-bit/192 kHz, као и 64 и 128-bit DSD сигнали. Дополнителна вредност е и електрониката AptX Bluetooth, која го поврзува вашиот смартфон со засилувачот. Тежината на засилувачот од цели 14 kg влева безрезервна доверба во декларираните 150 W по канал на 8 оми.

Засилувачот Roksan Blak беше тестиран во британските списанија Hi-Fi Choice, Hi-Fi+ и What Hi-Fi, кадешто ги собра сите ловорики. Звукот е оценет како моќен и цврст во басовите, но истовремено чист и деликатен во високите тонови, со кохерентно и неутрално среднотонско подрачје. Сите модели од засилувачите на Roksan можете да ги видите и да ги чуете во продажниот салон на ексклузивниот застапник Алфа Аудио во стариот трговски центар Капиштец, локал 12. Контакт-телефон (02) 320 9 320 или посетете ја нивната веб-страница www.alfaaudio.com.mk

-- комерцијален напис --

Клучни зборови: