Рубрика: Електроника
Рекламно светло
Автор: Добре Блажевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Светилките што трепкаат отсекогаш привлекувале внимание. Се употребуваат за разни украси, излози, светлечки реклами итн. Колку повеќе светилки, толку поубаво за очите. Светилките што трепкаат по одреден редослед привлекуваат повеќе внимание врз себе. Во овој број ќе опишеме интелигентен и едноставен уред што може да се искористи за светлечките реклами. Уредот генерира ефект на движечко светло, но на малку поинтересен начин.

Досега во “ЕМИТЕР” беа објавувани неколку проекти за движечки светла. Тие беа изработувани со помош на стандарни логички кола. Овој пат ќе стане збор за малку понапреден уред кој сепак е едноставен за градба. Идејата потекнува од нашите читатели, а ние решивме да конструираме уред што ќе има мал број делови и што ќе може да има универзална примена. Имено, онака како што е прикажан, уредот може да го употребите како мала играчка или, пак, може и да го вградите во некој друг уред. Но, истиот може да го употребите и како основа за изработка на некоја светлечка реклама.

Mоже да забележите дека е употребено само едно интегрирано коло. Станува збор за микроконтролер (16F84), што претставува и срце на овој уред. Ова интегрирано коло ја врши севкупната работа на уредот. Микроконтролерот за работа користи такт со фреквенција од 4MHz. Ваквата верзија на микроконтролерот е избрана од две причини. Прво, микроконтролерот што работи на оваа фреквенција е со најниска цена. Второ, ако имате микроконтролер што може да работи на тактови со поголема фреквенција, во него ќе може да ја вчитате програмата што е наменета и за микроконтролер со такт фреквенција од 4MHz. Програмата за микроконтролерот ќе може да ја добиете од редакцијата по e-mail или да ја “симнете” од интернет страницата www.geocities.com/dbdelectronic. За програмирање на микроконтролерот искоистете го PIC програматорот објавен во “ЕМИТЕР” 4/03.

Доколку сакате да направите светло за реклама, можете да искористите некои од претходните проекти што се објавувани во ЕМИТЕР (пр.”ЕМИТЕР” 1/2000), каде е објаснето како дадодадете тријаци со светилки што работат на наизменичен напон од 220V.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК823
Печатена плочка: CHIP81

ИК: PIC16F84A-4/P
кристал 4MHz

 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.