Емитер 5/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој труд е опишано како се изработува работна околина и проект во IAR апликацијата. Покрај изработката на работната околина, претставен е еден пример за изработка на програма во асемблерски јазик и еден пример во "C", со кусо упатство како да ја симулирате изработената програма.
За изработка на апликации за микроконтролери исто како и за изработка на апликации за PC, потребни се софтверски развојни околини кои што ја овозможуваат и олеснуваат работата. Денес постојат голем број развојни алатки за микроконтролери кои се одликуваат со најразлични функционалности и погодности. Една од најпопуларните софтверски алатки за изработка на апликации за микроконтролери е и развојната околина од IAR (www.iar.com). Оваа алатка се одликува со едноставност при поставување на проектот преку кој се изработува апликацијата и одлична поддршка на хардверските алатки за тестирање и корекција на недостатоците на изработената апликација. Развојната околина IAR се одликува и со едноставен софтверски симулатор со чија помош може да се направи основна верификација на апликацијата која ја изработувате, но и да се направи нејзино профилирање за да може да се провери дали предложената имплементација на кодот е оптимална.
Постојат повеќе варијанти на IAR развојната околина кои се одликуваат со поддршка за разни серии на микроконтролери. Тоа што е интересно е што без разлика за која серија микроконтролери ќе ја користите оваа развојна околина, пристапот при изработка на апликацијата е ист, со што во голема мера се олеснува користење на широк избор на микроконтролери. Покрај тоа што развојната околина поддржува разновидни серии, имаат детали за перифериите на голем број микроконтролери кои може да се набават денес, со што во голема мера се олеснува следењето на состојбата на микроконтролерот во процесот на дебагирање на апликацијата која ја имате изработено.
Во овој напис ќе биде претставена процедурата за изработка на работна околина и проект во кои како програмски јазик ќе се користи асемблерски и C-јазик. Целта на овој текст е да објасни како се нагодуваат сите поставки на работната околина, како се процесира напишаниот код со соодветната алатка (асемблер или компајлери). Ќе биде опишана и постапката за симулација на напишаниот код со помош на вградениот симулатор или на хардверска платформа.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.