Електроника

Стигнавме до последното продолжение на овој проект и, како што може да се претпостави, овој финален напис е посветен на практиката – изработка и тестирање на уредот. Иако уредот изгледа прилично сложен, неговата изработка воопшто не е сложена благодарение на тоа што целиот се изработува на една компактна печатена плочка. Ќе бидат презентирани и повеќе измерени резултати, како и првите впечатоци од слушните тестови кои ќе бидат илустрирани и со неколку аудиоснимки.


Астрономија и астронаутика

Деновиве астрономите објавиле дека орбитерот "Кеплер" детектирал егзопланетски систем со 5 планети од кои 2 се со димензии многу блиски до димензиите на Земјата, а орбитираат во животната зона на нивната ѕвезда, па според тоа, тие треба да содржат течна вода на својата површина, наликувајќи на "водени" планети како и Земјата, но надвор од Сончевиот систем!


Аудио и видеотехника

Малото височество HDR-AS15 во моите раце. Каква радост. Иако долго време се обидувам да снимам ектремни видеа од сите будалаштини со кои се занимавам, ме изненади понудата од уредникот на Емитер да ја тестирам и да напишам приказ на новата камера на Сони наменета за снимање акција. Прифатив без размислување. Сакав да видам што понуди големиот Сони на пазарот за камери за акција.


Аудио и видеотехника

Нашиот читател Данчо Илиевски ни донесе на мерење три звучника што самиот ги направил: еден звучник за професионално озвучување и два hi-fi сабвуфери: еден активен и еден пасивен. Мерењата со професионалниот уред за аудиомерења CLIO дадоа интересни резултати...


Автомобилска техника

Сè си има свој почеток и крај. Истото му се случува и на свежиот воздух кој влегува низ грлото на карбураторот, па се меша со бензинските ситни капки и пареи во карбураторот и шмукачката гранка и така подготвен за акција навлегува во цилиндарот. Откако моторот ќе ја "обработи" оваа гасна смеша, сосема нормално е, а и логично (да бидеме искрени), да се ослободи од неа. За ова е потребна посебна инсталација која популарно се нарекува ауспух и за него ќе стане збор во продолжение на написов.


Металство и машинство

Еден од најчесто користените начини за загревање на домовите денеска претставува топловодното, популарно наречено парно греење. Во зависност од финансиската состојба и цената на енергенсите, некои се определуваат за парно на дрва, природен гас, нафта, пелети и др. Во овој текст ќе се задржиме на изведбата на сопствено парно греење, негово тестирање и пуштање во употреба, а пресметките и одлуката за каков тип парно ќе се одлучите ќе ја оставиме на вас.


Фототехника

"Ниту 'идиотите' не се тоа што беа", ќе помислите кога за првпат ќе го земете в раце F770EXR. Мануелни нагодувања, одлична изработка, опција за RAW фотографии – има ли уште нешто што ви треба? Тешко… освен можеби изменлив објектив, но тоа е нешто што во оваа категорија ќе го попричекаме уште извесно време.


Информатика

Од фирмата ЕМИ медиа на тестирање добивме 3 одлични 7-инчни таблети, сите од различни производители, релативно слични однадвор, но сепак, секој со различен "шмек" но и моќ, како при првиот, така и при неколкуте следни допири. Еве ги нашите искуства и резултати од тестовите.


Астрономија и астронаутика

Досега астрономите идентификувале две категории црни дупки: стеларни и галактички црни дупки. Помеѓу нив постои огромна разлика во големината на нивните маси, па теоретичарите шпекулирале дека тој јаз е пополнет со некоја трета категорија од средно-масивни црни дупки. И навистина, трагајќи по нив, астрономите конечно најдоа доказ за нивното постоење.


Аудио и видеотехника

Од 8 до 11 април 2013 година во Лас Вегас се одржа најголемото светско шоу на американската асоцијација на радиодифузерите – NABShow 2013. На овој најголем светски настан од оваа проблематика присуствуваа 92 000 посетители (10 % повеќе од лани) од над 155 земји, а свои производи презентираа 588 компании од кои 187 компании се појавија за првпат.


Аудио и видеотехника

Аудиотехниката комплексно и богато ги храни сите наши рецептори и ги исполнува со бројни разновидни задоволства: визуелни – од дизајнот на hi-fi уредите, тактилни – од користењето на уредите, слушни – од ужувањето во репродуцираната музика, но и спознајни – за начинот на функционирање на уредите. Накусо, мултидисциплинарен хедонизам кој се доживува истовремено.


Електроника

Во овој труд е опишано како се изработува работна околина и проект во IAR апликацијата. Покрај изработката на работната околина, претставен е еден пример за изработка на програма во асемблерски јазик и еден пример во "C", со кусо упатство како да ја симулирате изработената програма.


Електроника

Кога зборуваме за прочуени интегрирани кола, некако како да го подзабораваме SG3524, кое веќе цели 4 децении сосема рамноправно се носи со најпопуларните: 741 и 555 и претставува апсолутна референца за една цела област во електрониката: импулсно ширинската модулација (ИШМ). Ние сме тука да му оддадеме заслужена почит за илјадниците успешни решенија со ова ИК.


Електроника

Марфиевите закони кажуваат дека колку повеќе некоја работа ни треба, толку помалку се шансите да ја најдеме. На пример, ви се случило ли некогаш, токму кога треба да направите некој итен повик, да ви се испразни батеријата од мобилниот, а да немате пристап до 230-волтен штекер за да ја наполните со помош на постоечкиот адаптер? Што тогаш?


Информатика

Во претходниот број ви покажавме како од прилагодливиот Raspberry Pi да си направите медија плеер. Но, тоа беше само почетокот на можностите кои ги имате со еден таков медија плеер. Воедно, XBMC медија центар платформата е исто така еден голем "камелеон" и овозможува многу опции за дополнително прилагодување.


Металство и машинство

Во ова продолжение ќе се задржиме на монтажата на цевководниот систем, обрнувајќи внимание на сите детали кои се клучни за неговото правилно функционирање. Ќе се задржиме и на некои основни и чести дефекти во цевководниот систем, нивното дијагностицирање и отстранување.


Телекомуникации

Од далечната 1946, па до идната 2020 година, мобилната комуникација доживеа вистинска револуција. Од 0-тата, па сè до 5-тата генерација која се очекува за неколку години, технологијата, брзината на пренос и квалитетот на сигналот се подобрија за неколку илјади пати. Каков пат "изоде" мобилната мрежа и каква ќе и биде иднината, дознајте текстов подолу.


Аудио и видеотехника

Благодарение на напорите од домашната фирма "Алфа Аудио", најпосле дочекавме во Македонија да дојде познатата англиска фирма Cambridge Audio. Аудиофилите ширум светот веќе 45 години уживаат во благодатите на добриот звук од нивните уреди. Специфичност на аудиоуредите од Cambridge Audio е ниската цена во однос на високиот квалитет на звукот што го нудат. Едноставно, инженерите од Cambridge Audio се раководат од мотото "Sound First" – звукот е на прво место.


Медицина

Холестеролот, а особено високиот холестерол е опасен за нашите крвни садови. Ова речиси секој го има слушнато или прочитано, но дали тврдењето е вистина или заблуда?! Иако тоа можеби ви се врежало во мозокот, истражувачите препорачуваат да го заборавите. Дека високо ниво на холестерол е штетно и дека холестеролот ги затнува крвните садови, велат тие, е далеку од вистината.


Електроника

Како што е најавено во првиот дел од овој напис, во вториот дел ќе бидат обработени принципите за мерење на некои електрични и неелектрични големини преку конкретната шема на дигиталниот универзален инструмент M890C со LCD дисплеј. Тоа може да биде од полза, како за разбирањето на принципите на мерењето, така и за дијагностицирање на евентуалните дефекти на инструментот.


Информатика

Доколку сакаме да бидеме присутни на интернет, потребно е да изработиме веб-страница со која ќе се промовираме себеси или сопствениот бизнис. По изработката на веб-страницата, неа треба да ја поставиме на сервер, за таа да биде достапна до целиот свет. Процесот на поставување на сервер чини пари, но тоа можеме да го заобиколиме доколку го искористиме сопствениот компјутер како сервер. Како да го направиме тоа, објаснето е во следниот текст.


Омнибус

49. државен натпревар на млади истражувачи од Република Македонија;
50. јубилеен државен натпревар на младите техничар и природници;
Хотел и скијачки центар во едно;
Чудната структура во пустината Сахара;
Пломби на иднината;
Кој е Брајан Крзаниќ;
Филип Илиевски со бронзен медал на менделеевската светска олимпијада;
Лебдечко компјутерско глувче за превентива од карпален синдром;
ATC Chameleon – камера со два објектива;


Писма
Напојување за гитарскиот предзасилувач