Емитер 5/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Марфиевите закони кажуваат дека колку повеќе некоја работа ни треба, толку помалку се шансите да ја најдеме. На пример, ви се случило ли некогаш, токму кога треба да направите некој итен повик, да ви се испразни батеријата од мобилниот, а да немате пристап до 230-волтен штекер за да ја наполните со помош на постоечкиот адаптер? Што тогаш?
Решението на ваков случај е повеќезначно. На пример, ако имате при рака 3 свежи АА батерии, би можеле да ги сврзете истите во серија за да добиете 4,5 V со кои би го напојувале мобилниот телефон со USB влез. 4,5-те волти во овој случај би биле сосема доволни бидејќи се вклопуваат во можното отстапување на напонот од 10 % на USB приклучокот (4,5 – 5,5 V). Доколку пак, на вашиот мобилен телефон му треба нешто повисок напон, би можеле да сврзете на ред 4, па дури и 5 АА батерии! Но, тоа сепак не е вистинско решение бидејќи не располагаме секогаш со свежи АА батерии. А и тие, според истиот Марфиев закон, нема да ги имаме при рака токму тогаш кога навистина ќе ни бидат потребни.
Многу поефикасно решение би било да изработиме стабилизиран извор на напон кој би можел да претвори еден широк спектар од напони на неговиот влез во соодветен напон потребен за полнење на мобилниот телефон. Такво е решението кое ви предложувам да го изработите. Тоа ќе ги претвора сите напони меѓу 8 и 40 V на влезот во 5 V на излезот, со максимална струја од 1 A.
Некој би забележал дека, за да се постигне тоа, нема да биде потребен импулсен претворувач на напон, туку тоа би се постигнало со едноставен и евтин линеарен регулатор од типот на 7805 кој би ги дал потребните 5 V и 1 A. Но основно е тоа што со линеарниот регулатор, за да добиеме струја од 1 A на излезот, ќе треба да пуштиме 1 A и нешто повеќе на влезот, а при влезен напон од 40 V, би значело дисипација на регулаторот од цели 35 V x 1 A = 35W ! Тоа во практика би значело употреба на соодветен ладилник со околу 1 kg алуминиум за да се одджрува ИК 7805 на некоја "пристојна" температура. И надвор од тоа што максималниот дозволен напон на влезот на 7805 е само 37 V, ваквиот линеарен регулатор би бил непримерно габаритен и тежок за да може да му се припише атрибутот "пренослив" или мобилен уред.
Токму затоа ние ќе изработиме импулсен претворувач на напон кој ќе има степен на полезно дејство поголемо од 80%, па за да се добијат оние 5 V/1 A = 5 W на излезот тој нема да дисипира, односно претворува во топлина, ништо повеќе од 1 W без разлика дали на влезот ќе имаме 8 или 40 V! Малата дисипација ќе овозможи мал габарит, односно вистински мобилен уред. Се разбира, во електрониката како и во реалниот живот, не се добива ништо од ништо, па за да го постигнеме тоа, треба да внесеме нешто повеќе материјал (а и знаење). Но не плашете се! Благодарение на користеното ИК SG3524, предложениот уред е евтин и е крајно едноставен за градба.
Влезен напон: 8 – 40 V / 1A,
Излезен напон: 5V / 1A;
Дисипација: 1W;
Работна фреквенција: 20 kHz
ИК: SG3524;
Транзистор: BDX54C;
Калем: 0,7 – 1 mH / 1A
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.