Рубрика: Електроника
Дијагностика на дефекти (1. дел)
Автор: Зоран Тасиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Една категорија стручни технички лица, класифицирана како сектор или одделение за одржување, неоправдано е запоставена и несоодветно третирана, како во големи производствени системи така и во помали единици , во кои тоа не е основна дејност. Ова е обид, на пошироката техничка јавност да се доближи филозофијата и вредноста на нивната дејност, која, за жал, во многу примери е обезвреднета и од страна на самите припадници на групацијата со нивниот непрофесионален однос.

Дијагностиката на дефекти е највредна но и најтешка дисциплина, која едно стручно лице од областа на техниката може да ја совлада. Дијагностиката воопштено е акт на откривање на причините за појава на одредени проблеми во кој и да е систем. За автомеханичар, тоа е пронаоѓање и поправка на дефекти кои предизвикуваат проблеми во работењето на автомобилот, базирано на неговото однесување во текот на возењето или стартувањето. Проширено на областа на медицината, за докторот тоа значи точна дијагноза на болеста на пациентот и пропишување на третманот за лечење. Во менаџментот, тоа значи утврдување на изворите на неефикасноста на фирмата и препораки за корективни мерки.
Дијагностика на дефекти претставува способност да се одредат причините на проблемот, или проблемите, преку согледување и анализа на создадените ефекти. Не ретко се случува изворот на проблемот да биде таков што сите не можат да го видат. Односот причина – ефект многу пати може да биде комплексен и за многу, на изглед, едноставни проблеми. Во таков случај, успешен дијагностичар, во очите на другите, се претвора во маѓепсник, кој има способност бргу да го согледа изворот на проблемот. Постои одреден број природно надарени лица за дијагностицирање на дефекти, но сепак тоа е вештина која може да се учи како и секоја друга.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.