Емитер 10/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
За собирање бинарни броеви со поголем број битови е потребен поголем број собирачки кола, што го прави целиот собирач да биде комплексен. Во него собирачките кола се поврзани во серија во однос на битовите на преносот. Основен проблем на овие собирачи е големото доцнење на резултатот на собирањето. За намалување на доцнењето се преземаат мерки кои водат кон нови решенија за комплексните собирачи.
Во комплексните собирачи излезот за битот на преносот од претходниот се поврзува со влезот за битот на преносот на следниот собирач. Тоа значи дека следниот собирач не може да ја започне операцијата собирање сè додека претходниот собирач не ја заврши неговата операција на собирање. Крајниот резултат се добива дури откако последниот собирач на MSB битовите ќе ја заврши својата операција на собирање. На тој начин се создава временски интервал од моментот на внесувањето на битовите на броевите за собирање до добивањето на конечниот резултат на собирањето. Овој временски интервал го претставува доцнењето на комплексниот собирач.
За намалување на доцнењето се применува алтернативно решение на комплексниот собирач во кое патеката на движењето на битовите на преносот се одделува од патеката на собирањето. Тоа може да се направи со внесување на битовите на преносот во посебен логички склоп. Принципот се базира на можноста битовите на преносот да се собираат на крајот на операцијата на собирањето.
Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.