Ако насловот ве наведе да помислите дека можеби некој од репликантите од Блејд Ранер побегнал, или пак можеби Робокап дошол да и помага на нашата полиција, или пак, не дај боже, некаде низ времето допатувал Терминатор во нашиот град, ќе мора да ве разочарам. Вистината, за среќа е далеку попрозаична, но сепак поинтересна. Првиот киборг е професорот Кевин Ворвик кој во изминативе речиси две децении работи во сферите на истражување на вештачката интелигенција, биомедицинското инженерство, контролните системи и роботиката. Минатиот месец на покана од ФЕИТ тој зеде учество на конференцијата ЕТАИ и во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички науки во Скопје одржа предавање на тема "Кибернетските експерименти". Во продолжение ви даваме кус преглед за она што ова предавање го опфати.