Рубрика: Автомобилска техника
Групни навојни врски кај автомобилите
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ќе се запознаеме со групните навојни врски од аспект на нивно притегнување во одговорните и помалку одговорните споеви. Од круцијално значење е правилно да ги третираме затоа што, во спротивно, незнаењето сигурно ќе се одрази на квалитетот на поправката со можни тешки последици по безбедноста на автомобилот (навојни врски на системот за потпирање) или многу скапи дефекти во погонската група кој никако не смеат да се дозволат. Оттука автомеханичарот мора да е обучен правилно да ги опслужува групните навојни врски (и воопшто навојните врски во автомобилот) за да ги избегне сите проблеми и непријатности кои можат да произлезат со нивното неправилно третирање. Овај напис е прилог кон правилното третирање на, пред сè, групните навојни врски.

Во машинството ретко се среќаваат поединечни навојни врски. Речиси како по правило секогаш навојните врски се групни. И нема некои посебни проблеми притоа сè додека делот кој се притегнува е релативно мал по површина, има голема јакост (цврстина) или е еластичен и прилагодлив на своето седиште (прирабница), нема потреба од затинка и обезбедување на херметичност, нема термичко оптоварување, завртките се поставени по обемот на делот и групата на завртки со кој се притегнува е релативно мала на број. Во таквите случаи основното правило за притегнување е дека завртките редоследно една по една се прибираат со рака (или со клуч), потоа со клуч сите завртки благо се притегнуваат една по една и на крај со пропишан момент се врши дефинитивното или завршно притегнување. Ова е случај со следните групни навојни врски применети во автомобилите: притегнување на тркалата (наплатка, бандаж) на својата прирабница, притегнување на капаци на блокот од моторот, притегнување на прирабниците од карданските зглобови на карданското вратило, притегнување на картерот на моторот, како и поклопецот на вентилите, притегнување на завртките од поклопецот на карбураторот, притегнување на половинките од куќиштето на менувачот и/или диференцијалот, брегастото вратило, издувниот и вцицувачкиот колектор итн. (кај поединечните навојни врски кои најчесто ги има во системот за потпирање на автомобилот, важно е да се внимава на моментот на притегнување на завртката чија вредност ќе ја дознаете од сервисното упатство).
Но, случајот е многу посложен доколку некој од горните предуслови не е задоволен. На пример, ако треба склопот да обезбеди херметичност, а притоа тој е изложен на големи притисоци и температури и згора на сè завртките се распоредени преку целата површина на делот (во неколку реда), а не само по обемот. Таков карактеристичен пример е притегнување на главата на моторот кај автомобилските мотори со внатрешно согорување. Ова е најкарактеристичниот и најосетливиот пример на групни навојни врски кај автомобилите и затоа посебно ќе го разгледаме.

Клучни зборови:

Карактеристични типови на момент клучеви кои најчесто се среќаваат во автомеханичарскиот занает

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.