Рубрика: Автомобилска техника
За брмчењето на моторот
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кој било мајстор – автомеханичар мора да е оспособен да ги протолкува спецификите на буката кај моторот. Тоа е незаменлива и најевтина алатка која му стои на располагање. Сепак, за да се користи потребни се некои минимални теоретски и многу практични обуки и искуства. Погрешните преценки и превиди или замена на симптомите скапо се плаќаат и материјално и со изгубена доверба и престиж кај муштериите и конкуренцијата. Затоа во овај напис накратко ќе дадам одговор на неколку карактеристични прашања, чии одговори секогаш треба да ги имате предвид и кои ќе ви помогнат да бидете што е можно попрецизен во дијагнозата на моторот кога тој пројавува некој проблем.

Во текстот што следи ќе дадеме одговори и коментари на неколкуте карактеристични прашања поврзани со брмчењето на моторите на автомобилите. Тоа се: Зошто различните марки на мотори различно брмчат?, Зошто еден ист мотор во текот на својот работен век го менува звукот?, Кои звуци ја откриваат староста на моторот?, Зошто има разлика во брмчењето на ниво на нијанси на исти нови мотори?, Кои звуци индицираат дефект? и Како брмчи исправен и добро проектиран мотор?

Клучни зборови:

Современ електронски стетоскоп за преглед на моторот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.