Осцилоскопот е корисен инструмент, но заради високата цена е недостапен за повеќето електроничари. Токму затоа го подготвивме овој проект за самоградба на едноставен и евтин осцилоскоп, кој испитуваниот сигнал го прикажува на матрица од 10x10 ЛЕД диоди. И покрај својата едноставност, тој сепак може да послужи за детектирање на присуство на сигнал и негово грубо мерење, што честопати е сосема доволно за електроничарите-аматери. Во првото продолжение ги разгледавме електричните шеми, принципот на работа, плочките со печатени кола и описот на нивната изработка. Во ова второ, завршно, продолжение на ред е монтажата во кутија, нагодувањето и советите за користење на овој мал осцилоскоп.