Емитер 9/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Новите податоци на мисијата WiggleZ потврдија дека универзумот се шири со униформно забрзување.
Уште од 1929 година, почнувајќи од набљудувањата на Едвин Хабл, познато е дека универзумот се шири. Од 1998 година, па наваму доминантното мислење е дека универзумот не само што се шири туку и дека се наоѓа во фаза на забрзано ширење. Ова откритие беше заклучок од истражувањето врз податоците од суперновите од тип Ia водени од меѓународниот Supernova Cosmology Project.
Објаснувањето за ова забрзано ширење најчесто се наоѓа во мистериозната одбивна компонента на гравитацијата позната како темна енергија. За темната енергија сме пишувале повеќепати во изминатите броеви на Емитер, но сепак да се потсетиме дека претставува 70% од сегашната густина на универзумот и за која пак не знаеме речиси ништо. Интересно е да се спомене дека космичкото забрзување започнало во приближно исто време како и формирањето на животот на нашата планета.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.