Рубрика: Астрономија и астронаутика
Обликот на универзумот
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како изгледа нашиот универзум кога ние би го гледале "однадвор"? Тоа се обидува да го детерминира посебна математичка гранка наречена топологија. Пресметките покажуваат 3 основни тополошки геометриски фигури како реално можни облици на универзумот, но, ние никогаш нема да можеме нив да ги видиме, туку само да ги замислиме: торус, сфера и хорна.

Кога ние гледаме од Земјата во која било насока кон небото, ние гледаме бесконечен универзум полн со галаксии. Меѓутоа, можеби тоа само така ни изгледа, но ние не можеме да го напуштиме нашиот универзум и "однадвор" да го видиме неговиот вистински облик! Па тогаш дали на некој начин ние можеме "однатре"да го детерминираме неговиот облик? Токму на тоа е посветена една посебна гранка од математиката, наречена топологија, која ни овозможува "однатре" да шпекулираме за можните облици на универзумот. Математичката постапка во креирањето на тополошките модели за обликот на универзумот ги прави тие модели теоретски реално можни, што на топологијата £ донесе важна улога во теоретската астрономија. Интересот за детерминирање на обликот на универзумот особено се зголеми во последните 10-ина год., во голема мера благодарение на двете орбитални сонди задолжени за студија на космичката заднинска радијација, која можеби го држи клучот за детерминирање на обликот на универзумот. Едната сонда е WMAP, лансирана од NASA во 2001 год., која својата мисија ја заврши во 2010 год., а другата сонда е "Planck", лансирана од ESA во 2009 год., која уште долго време ќе ја извршува својата извидничка улога од орбитата околу Земјата, па од неа научниците очекуваат екстремно детални податоци за космичката заднинска радијација, што ќе помогне попрецизно да се детерминира најверојатниот тополошки облик на универзумот.

Клучни зборови:

Во опцијата негативно искривен универзум, еден можен тополошки облик е Пикардовата хорна.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.