Рубрика: Индустриски дизајн
Иновативен дизајн
Автор: Виолета Видоевска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во конкурентна средина во која живееме, кога производите имаат слични перформанси, квалитет и функционалност, иновативните методи за нивното подобрување стануваат сè позначајни. Многу често се смета дека технолошкиот развој и скапите инвестиции се единствениот начин за да се дојде до иновативен производ кој ќе биде конкурентен на пазарот. Но, тоа не е секогаш така. Дизајнот исто така може да биде извор на иновација, без притоа да биде вклучена употреба на нова технологија. Токму со поимот иновација и иновативен дизајн ќе се запознаеме во овој напис.

Сè поголемата достапност на евтината технологија создава голема конкуренција на глобалниот пазар. Дизајнот и иновацијата стануваат едни од најважните фактори за воспоставување на конкурентска предност. Тие можат на бројни начини да ги намалат трошоците, да ја зголемат ефикасноста и да го подобрат квалитетот на производите. Иновативниот пристап за решавање на проблемите и креирање оригинални решенија може да биде различен, па затоа најнапред да го дефинираме самиот поим иновација.

Клучни зборови:

Концепт-решение на штекер каде се елиминира потребата за продолжен кабел

Шише за млеко со вграден механизам за загревање

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.