Рубрика: Индустриски дизајн
Индустриски дизајн – многу повеќе од естетика
Автор: Виолета Видоевска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Колку пати досега ви се случило да купите одреден производ не поради тоа што сте имале навистина потреба од него, туку само затоа што во моментот ви побудил позитивни чувства, едноставно не сте можеле да одолеете и сте морале да го имате? Естетиката, но подеднакво и функционалноста се клучните елементи за успех на еден индустриски дизајниран производ. Силното влијание на дизајнот е очигледано и претставува една од најмоќните алатки во бизнисот на глобалниот пазар.

Како поминува времето сè повеќе стануваме свесни дека дизајнот е еден од клучните елементи за успешен производ. За да се излезе на пазарот со дизајнерски зрел производ потребни се многу знаење, напор, талент и работа. ЕМИТЕР секогаш има слух и почит за сите вештини кои се потребни за еден производ да се нарече успешен и затоа во оваа рубрика ќе ве запознае со феноменот дизајн воопшто, а посебно со индустрискиот дизајн. Конечно и индустриските дизајнери ќе си имаат свое катче, а останатите читатели ќе имаат прилика од прва рака да се запознаат со индустрискиот дизајн.

Изработка на концепт-модел на возило од глина.

Симулации и компјутерски анализи на производот пред да се пушти во употреба.

Клучни зборови:

Компјутерска анализа на предложениот производ

Компромисот помеѓу оригиналноста, функционалноста и економичноста на производот е секогаш тешко да се постигне

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.