Во годишниот биланс на енергетски потреби на зградите за греење, застаклените елементи играат значајна улога. За разлика од нетранспарентните градежни конструкции (ѕидови, покриви, еркери, конструкции над визби, гаражи и сл.), кај кои со добро димензионирање на топлинската изолација може да се постигнат оптимални заштеди на енергијата, ова не е случај со застаклените елементи: прозорци, врати, натсветла, куполи.