Рубрика: Информатика
Uniblue Power Suite 2011
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Забрзувањето на вашиот компјутер може да биде сложен процес за кој е потребно многу време и знаење. Причините за бавната работа на системот се од различна природа - регистрите на Windows во себе содржат разноразни непотребни информации од деинсталирани или делумно деинсталирани програми, управувачките програми за хардверот можат да се застарени или пак во општ случај постојат цела низа на датотеки и процеси кои одземаат ресурси, а не се неопходни. Постојат повеќе парчиња софтвер кои се нудат на пазарот за автоматско забрзување и одржување на системот во добра кондиција, а еден од нив е Uniblue Power Suite 2011.

Uniblue Power Suite 2011 претставува квалитетен софтвер од групата на PC System Utility, кој овозможува брзо и лесно одржување на вашиот систем. Самата програма е до големина од околу 12 MB, а нејзината инсталација трае кратко, во зависност од вашиот систем, и е од стандардниот тип Next – Next – Finish. Интерфејсот е навистина едноставен, поделен на неколку дела и лесен за употреба дури и за оние кои немаат премногу искуство со ваков тип на софтвер. Веќе првиот поглед ни кажува дека пакетот во себе содржи три посебни парчиња софтвер: RegistryBooster, SpeedUpMyPC и DriverScanner, кои инаку можат да се добијат од производителот како независни апликации.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.