Рубрика: Информатика
Софтвер за одржување PC – WinZip System Utilities Suite
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Многумина при користење на компјутерот забораваат дека ако сакаат тој да биде во добра "кондиција", треба да обрнат внимание на негово редовно одржување. При ова не подразбирам редовно чистење од прав на внатрешниот дел од куќиштето, туку софтверско одржување на оперативниот систем, како и на целокупниот софтвер што го користите, особено на остатоците што ги оставаат зад себе разноразни софтверски пакети. Штом забележите дека вашиот систем ги нема потребните перформанси, а знаете дека хардверскиот капацитет ви овозможува далеку побрза и поудобна работа, значи дека сте подготвени за користење на некој од софтверските решенија наменети за, условно кажано, чистење и враќање на потребните перформанси на системот.

Постојат повеќе софтверски решенија, сместени во категоријата PC System Utilities, кои на корисникот му стојат на располагање. Секој од нив има свои посебности, но нивната намена во главно се сведува на неколку задачи, кои ќе бидат набројани подолу.
Дијагностика на start-up програмите, прекинување на работата на започнати процеси и програми, деинсталација на програми и зголемување на перформансите на системот. Овие компоненти на софтверот PC System Utilities ќе ви бидат потребни секогаш кога ќе забележите значително забавување на работата на компјутерот.
Оптимизирањето на системот подразбира сетирање, односно местење одредени параметри за меморијата, како и на интернет-опциите преку оперативниот систем, со што се обезбедува оптимална околина за работа. Опциите за поправање или опоравување (repair, recovery) на системот, кои можат да ги поправат грешките и да ги заштитат податоците, се задолжителни за ваквиот софтвер. Исто така и можноста за чистење на интернет-историјата, cookies, како и на привремените (temporary) датотеки.
Се разбира, апликацијата PC System Utilities треба да биде лесна за користење и да има можност за разбирлива помош од производителот, бидејќи понекогаш објаснувањата за начинот на работа знаат да бидат тешки за разбирање.
Во овој напис ќе се задржам на WinZip System Utilities Suite, кој според многумина се наоѓа на самиот врв во својата област.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.