Електроника

Во минатото продолжение ја презентирав електричната шема на подобрениот ESR-метар и го обработив принципот на работа на уредот. Тоа по сите норми не е повеќе од 15% од сè што треба да знаеме за да реализираме успешна конструкција, па затоа мораме веднаш да се фатиме за работа бидејќи пред нас стојат бројни предизвици - од лемење на елементите на печатената плочка, преку “влегување во толеранција“ до внимавање на естетиката.


Електроника

Потребата од регулација на температурата во многу пори од нашето живеење и дејствување е очигледна. Тоа повлекува потреба од едноставен, но универзален и доверлив терморегулатор (или термостат ако милувате). Уште повеќе, неговата универзалност и применливост многукратно се зголемуваат доколку регулаторот можат да го констриураат и оние кои немаат многу искуство во реализација на проекти од областа на електрониката.


На граница на науката

Пред некоја година, во жолтиот печат се пронесоа гласови за наводно сигурни предвидувања за неминовна глобална катаклизма која ќе ја зафати целата планета на 21.12.2012 година. Оваа масовна хистерија достигна светски размери и се прелеа и кај нас, па затоа одлучивме да направиме серијал во кој детално ќе ги разгледаме сите аспекти на овие наводи за блиската апокалипса.


Фототехника

Без разлика дали се наоѓате среде дождовните шуми на Амазон или во вашето топло фотографско студио, благодарение на K-30, локацијата веќе не е битна! Неговото водонепропусно тело, прилагодено за секакви временски услови, ќе ви овозможи флексибилност и удобност да снимате каде сакате, што сакате и кога сакате.


Електроника

Речиси секој кој има мали звучници е незадоволен од длабочината на басовите. Овој недостаток не може да коригира со класична тонската контрола за басови, ниту со loudness коло, туку само со специјално конструиран бас-еквилајзер, односно бас-експандер. Со прикажаниот бас-експандер ќе добиете дополнителна октава пониско во бас-одѕивот на вашите постоечки hi-fi звучници, под услов да не работат блиску до максимална моќност.


Автомобилска техника

Безбројни се местата каде што како средство за подмачкување се користат мастите. Корисно би било да се запознаеме со нив: од што се состојат, што значат ознаките на нивните пакувања, кои се најчестите видови кои можат да се најдат на пазарот. Ќе се запознаеме со нивните основни механички карактеристики, а ќе дадеме и основни упатства при нивното користење.


Астрономија и астронаутика

Зошто планетарните маглини кои настануваат при "смртта" на ѕвездите имаат многу комплексни и спектакуларни облици, кога според стандардното сценарио за нивното потекло тие треба да имаат облик на правилна сфера која експандира радијално во просторот? Чудните облици на планетарните маглини долго време ги збунува научниците, но сега една американска научна екипа, под водство на Ерик Блекман (Eric Blackman) нуди објаснување за оваа појава.


Металство и машинство

Доколку во својот дом користите сопствено парно греење, дополнителна заштеда на електрична енергија можете да постигнете ако од самото парно греење искористите и топла вода за бањата и кујната. Класичен начин за добивање топла вода од вашето парно е вградувањето на специјален бојлер за парно греење. Во овој напис ќе ви откриеме еден поинаков начин за добивање топла вода т.е, ќе ја објасниме изработката на проточен бојлер од вашето парно греење.


Физика

Во најново време забрзано се развива еден нов тренд во квантната физика, тоа е трендот "квантна телепортација". Премостувајќи сè поголеми растојанија, денес таа веќе достигна рекорден досег од 143 km! Истражувачите во неа гледаат нова метода за телекомуникација вклучувајќи и комуникација помеѓу објекти во Земјината орбита и стационарните станици на Земјата.


Астрономија и астронаутика

Астрономите откриле две егзопланети во еден бинарен ѕвезден систем. Едната од нив орбитира во животната зона на оптимално растојание од ѕвездите, што дава можност таа да содржи вода во течна состојба.


Омнибус

Манипулацијата со поединечни субатомски честички и фотони, начинот на кој клетките во телото реагираат на надворешни влијанија се само некои од истражувањата кои на нивните автори им ги донесоа Нобеловите награди за оваа година.


Информатика

Можеби не е најдобар во секој поглед, но затоа, пак, раполага со највеќе опции. А што е најбитно, во основната заштита блеска. На повеќето корисници тоа и им е најбитно – чистата заштита. Доволно силен адут за да се одлучат и за чист, PURE заштитен пакет!


Аудио и видеотехника

SONY ICD-TX50 е веројатно најтенкиот и најненападниот дигитален диктафон што сме го виделе досега. Минималистичкиот елегантен дизајн на уредот е она што уште на прв поглед нè освои. Но, под овој нежен изглед на трендовски уред се крие вистинска практична алатка со врвни перформанси, која лесно може да стане предмет на завист на вашите колеги.


Информатика

Појавата на бесплатниот софтверски пакет за канцелариско работење, Open Office предизвика вистинска поплава од други, бесплатни алтернативни решенија на дотогаш неприкосновениот Office на Microsoft. Open Office веднаш се наметна како вистинска алтернатива, а сега и Kingsoft Office станува голема главоболка за Microsoft.


Информатика

Во летниот двоброј Емитер веќе го престави супер компјутерот на ФИНКИ, кој во тоа време беше во пробна работа. На 8-ми Ноември во амфитеатарот на ФИНКИ се одржа промоција на можностите за примена во индустријата и науката на овој суперкомпјутер.


Астрономија и астронаутика

Кратерите се вообичаена слика на површината на планетите. Но, кратерот "Hadley" на планетата Марс има посебно значење за научниците, бидејќи тој ним им овозможи длабоко проникнување во геологијата на Марс.


Електроника

Со овој напис се опфатени неколку видови конструкции на A/D конверторите, од најосновните до современите конвертори со голема брзина на конверзијата, применети во областите на аудио и видеосигналите. Ограничувачки фактор за точноста на аналогно-дигиталната конверзија е прецизност на референтниот напон.


Информатика

Многумина при користење на компјутерот забораваат дека ако сакаат тој да биде во добра "кондиција", треба да обрнат внимание на негово редовно одржување. При ова не подразбирам редовно чистење од прав на внатрешниот дел од куќиштето, туку софтверско одржување на оперативниот систем, како и на целокупниот софтвер што го користите, особено на остатоците што ги оставаат зад себе разноразни софтверски пакети.


Аудио и видеотехника

Во 2011 година, Sony го промовираше камкордерот NEX-FS100 на професионалниот аудио-видео пазар како свој прв мал камкордер со сензор како кај големите камери. Одликувајќи се со заменливи објективи и нов Sony Exmor Super35 сензор, оваа камера донесе одлични карактеристики и перформанси заедно со прифатлива цена, што беше оценето како одлично од бродкастерите и снимателите воопшто.


Аудио и видеотехника

MiniBurst 128/256 LED преносливото светло е мало по димензија, лесно е и со мала потрошувачка. Работи на батерија и на класично напојување. Соодветно е за простори и за апликации каде што не може да се употреби класично поставено светло. За снимање дома, во канцеларија или за студиско интервју, со неколку вакви светла ќе завршите голема работа.


Омнибус

Посериозна и поангажирана - тоа е впечатокот од овогодишната манифестација МАКИНОВА 2012. Најмногу за тоа придонесоа заострувањето на критериумите за наградување и јасното одвојување на младинското творештво од сериозните пронајдоци и иновации. Преседателот на државата ѓорге Иванов пријатно ги изненади сите пристутни со појавата на МАКИНОВА и со срдечен разговор со повеќето пронаоѓачи.


Омнибус

За разлика од претходните години, кога во фокусот на интересот на тие што изложуваа на Технома беа малото стопанство и малите бизниси, годинава може да се каже дека во фокусот беа крајните потрошувачи и стандардно, поголемите компании. Значи, онаа "средна класа" на потенцијални купувачи како да беше малку запоставена.


Макетарство и моделарство

Како и секоја година, завршницата на воздухопловните манифестации им припаѓа на љубителите на најмасовната категорија – радиоуправувани модели. Тоа му доаѓа како шлаг, односно најубавото за крај. И оваа година таа манифестација се одржа во Прилеп, каде што благодарение на заложбата на селекторот Здравко Тодоровски, беше извонредно организирана.


Метеорологија

Фотографиите од разни делови на Њујорк под вода ги преплавија медиумите во последните денови од октомври: цели станици од подземното метро потонати под вода, вода која се прелева во водопади на градилиштето на Ground Zero – поранешната локација на кулите-близначки,... итн. Но, овие настани во блиска иднина може да станат секојдневие за њујорчани.


Физика

Вкупните структурни оштетувања предизвикани од разни зрачења во електронските материјали на ниво на атоми се 10 пати поголеми отколку што се мислело и се знаело досега. Тоа е резултат кој изненадува, а добиен е со нова метода која користи комбинација од ласерски и акустички бранови и која на научниците им дава можност за истражување слично на рендгенските снимки.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Омнибус

Најстариот цвет на светот;
Интелигентен светлечки пат;
Формирана е МЕПСА - асоцијација на македонски производители на стиропор;
Вакцини испорачани преку е-пошта;
Microsoft ќе го смени Windows Live Messenger со Skype;
Антена во боца?
ФЕИТ повторно прв на меѓународниот студентски натпревар H&S 2012;
Прв соларен авион за две лица;
Оптичкото влакно станува активно?;
Голема ерупција од површината на сонцето;


Писма
Напојување за миксерот Soundcraft Spirit E6
Антенски засилувач за 40 dB и 5-1000 MHz
Засилувач со трафо 2X28V 70W